Право на учество во маратонската трка имаат сите државјани на Република Македонија и странски државјани, од двата пола, под следните услови:
- на денот на трката да се постари од 18 години

Котизација за маратон
до 10 јули 2021 до 31 јули 2021 до 15 септември 2021
1100 денари 1300 денари 1500 денари

 

НАПОМЕНА: Стартот на маратонската трка е во 8:00 часот на 3 октомври 2021

Содржина на стартен пакет:
- Dry-fit маица со логото на трката за пријави до 31 август 2021, оние кои што ќе се пријават после овој датум не добиваат маица
- Стартен број со чип (за извршена регистрација до 10 септември 2021 на стартниот број ќе биде испечатено и вашето име од пријавата)
- 20 ЕУР вредносен ваучер од Wizz Air (кликни тука за повеќе информации и условите за користење)
- Торбица
- Персонално видео и фотографии овозможено од Pic2Go
- Медал на крај од трката
- Дигитален стартен пакет
- Освежување и овошје
- Онлајн диплома
- Ланч пакет на целта
- Осигурување од несреќен случај за време на траење на маратонот
- Подарок од партнерите на маратонот

Пријави се за маратон

plava-linija

Напомена: Пријавата станува валидна после извршеното плаќање на котизацијата. Пријавувањето може да заврши и пред предвидениот рок (15 септември 2021) доколку бројката на планирани учесници биде пополнета или да се продолжи доколку не се пополни планираната бројка на учесници. Организаторот го задржува правото за промена на содржината на стартниот пакет.

Регистрацијата и онлајн уплатата ќе се реализира преку нашиот партнер Smart Race Club. По извршената онлајн уплата, на емаил адресата која е оставена при вашето пријавување, во рок од неколку минути ќе добиете порака за успешна пријава во која ќе биде наведен и вашиот стартен број. За уплати преку уплатница потврда за уплатата ќе добиете за неколку дена (во зависност кога ќе пристигне уплатата на нашата жиро сметка).

При процесот на регитрација ќе треба да ги прифатите условите за учество во трката. Ве молиме прочитајте ги внимателно.