Бидете учесник во трката и добијте го вашиот WIZZ ваучер во вредност од 20 евра!

Wizz_Logo_newНашиот насловен спонзор Wizz Air сите учесници од трките на Виз Ер Скопски маратон 2023 ќе ги награди со ваучер во вредност од 20 евра (* 1 ваучер = 1 регистрација). Овој ваучер ќе може да го пронајдете во профилот со кој што сте пријавени на www.smartrace.club
Ваучер ќе добијат учесниците во маратон, полумаратон, штафетен маратон и трката на 5км. Учесниците на трката на 5км,  ќе го добијат ваучерот само доколку ја стартуваат трката на 5км на 1 октомври 2023.

Важно!  Ваучерите нема да се испраќаат на емаил. Истите ќе бидат поставени после 6 октомври 2023 на вашиот профил со кој што е извршена регистрацијата на www.smartrace.club

Ваучерот ќе може да го искористите при купување билет преку wizzair.com .
Ваучерот не е валиден за групни резервации и е употреблив само за еден патник. Вредноста на ваучерот не е валиден за администартивни такси и другите Виз Ер производи и услуги за време на процесот на резервација.

Упатство како да го искористите WIZZ ваучерот

Упатство како да креирате свој профил на www.wizzair.com

Важни информации:

Овој ваучер може да се искористи на редовните летови на Виз Ер Унгарија лтд.. Резервацијата мора да е направена во важечкиот рок на ваучерот. По истекување на рокот на ваучерот, истиот е невалиден и не може да се користи. Рокот на важност на ваучерот (до кога треба да се реализира патувањето) е 30 септември 2024 година.
Ваучерот може да се користи само според условите кои не смеат да бидат прекршени, http://wizzair.com/en-GB/useful_information/voucher_conditions
Транспорт на багаж при користење на ваучерот се изршува според генералните услови на Виз Ер за транспорт на багаж, http://wizzair.com/en-GB/useful_information/general_conditions_of_carriage_list.