Штафетен маратон - ЕУ за спорт , 10км - 11км - 10км - 11км
Што е штафетен маратон? Штафетен маратон е трка во која учествуваат 4 натпреварувачи и кои треба должината од 42.195 метри да ја истрчаат севкупно. Трчањето се одвива по следниве измени: првата измена трча 10км, втората измена трча 11км, третата измена трча 10км, четвртата измена трча 11км. Сите учесници во штафетата добиваат стартен број (без чип), а еден стартен број со чип се доделува на тимот. Стартниот број со чип го носи првиот натреварувач од штафетата и потоа тој го предава на следниот натпреварувач. Измените на штафетата се следни:
- 1 измена се наоѓа на пред Гимназијата Јосип Броз - Просветно Дело. Тука менуваат стартен број што завршува со 1 и стартен број што завршува со 2
- 2 измена се наоѓа на Рекорд спроти Центар Бар. Тука менуваат стартен број што завршува со 2 и стартен број што завршува со 3
- 3 измена се наоѓа на Гимназијата Јосип Броз - Просветно Дело.. Тука менуваат стартен број што завршува со 3 и стартен број што завршува со 4
Правила за измени на штафетата
Напреварувачите во штафетата може да бидат од исти пол или мешани (машки/женски). Членовите на штафетата не смеат да бидат пријавени за учество во друга трка во спротивно следува дискфалификација. Рангирањето на штафетните тимови ќе биде поделено на машки, женски и мешани екипи.
Секој член од штафетата добива медала, односно последниот што финишира ги добива сите 4 медали за тимот.
Датум: 6 октомври 2024
Старт: 8.00 часот