- ПОДИГНУВАЊЕ НА СТАРТНИ ПАКЕТИ
На 4 и 5 октомври 2024, од 11 до 19 часот , локацијата ќе биде дополнително објавена.
Повеќе детали на следниот линк:
http://skopskimaraton.com.mk/podignuvanjeStartniPaketi
- ДОАЃАЊЕ ВО ЗОНАТА НА СТАРТ И ПАТЕКА НА ТРЧАЊЕ
Старт – Пред Собрание на Р.Македонија
Време на старт на маратонот, полумаратон и штафетниот маратон е во 08:00 часот.
Учесниците во полумаратон ќе треба да влезат во својата зона на старт според бојата означена на стартниот број. Сите учесници во маратонот имаат зона на старт 1, додека првите измени на штафетните тимови влегуваат во зона на старт 1.
Трката на 5км ќе стартува во 8:00 часот, и сите учесници се во една зона на старт, спротивно поставени од учесниците на другите трки.
Повеќе детали и мапа на старт, цел и патеката на трчање најдете на следниот линк:
http://skopskimaraton.com.mk/info/pateka/
- ЗОНА НА СТАРТОТ
Зоната на стартот ќе биде пред Собранието на Р.Македонија. Само на натпреварувачите со стартниот број ќе им биде дозволен влез во зоната на стартот. Во полумаратонската трка ќе има стартни блокови според вашето предвидено таргет време кое сте го одбрале при процесот на пријавување (ова се однесува само за полумаратон).
1 зона - таргет време за полумаратон < 1.40
2 зона - таргет време за полумаратон 1.41 – 1.50;
3 зона - таргет време за полумаратон 1.51 – 2.00;
4 зона - таргет време за полумаратон > 2.01
За маратонот и штафетниот маратон ќе има една зона на старт, тоа е зона 1.
- ЗОНА НА ЦЕЛ
По влегувањето во целта го добивате вашиот заслужен медал за завршената трка. Учесникот во шатефтната трка ги зема сите 4 медали за својот тим. Потоа земате вода и останати продукти и ја напуштате зоната на цел. Ве молиме да не се задржувате во зоната на цел.
Резултатите ќе бидат објавувани во живо на нашата веб страна и во секое време ќе може да го видите вашиот резултат и пласман.
Целта на сите трки ќе биде на 100 метри после Порта Македонија.
- ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ПОБЕДНИЦИ
Церемонијата на прогласување на победници ќе започне во 12.30 часот на бината која е поставена во близина на целта. Прогласување на бината ќе има за следните категории:
- 1, 2 и 3 место во генерален пласман во маратон (мажи и жени)
- 1, 2 и 3 место најдобри македонски маратонци (мажи и жени)
- 1, 2 и 3 место во генерален пласман во полумаратон (мажи и жени)
- 1, 2 и 3 место во штафетен маратон (категории мажи, жени и мешани)
- 1, 2 и 3 место во Тим Билдинг во полумаратон (мажи и жени)
- 1, 2 и 3 место во генерален пласман на 5км (мажи и жени)
- 1, 2 и 3 место во Тим Билдинг на 5км (мажи и жени)
- ФОТОГРАФИИ ОД НАСТАНОТ
На 5 октомври ќе биде објавен линк на кој ќе можете преку апликацијата Get Pica да ги добиете вашите бесплатни фотографии од трката. Затоа за време на трката бидете насмеани и позирајте им на нашите фотографи.