Пред да ја извршите пријавата ве молиме прочитајте ги условите и правилата за учество кои се составен дел од вашата пријава, кликни тука
Право на учество во Штафетниот Маратон - ЕУ за спорт имаат сите заинтересирани, од двата пола, под следните услови и правила:
- на денот на одржување на трката да се постари од 14 години
- сите 4 члена на екипата може да бидат: машка екипа (4 мажи), женска екипа (4 жени) или мешана (2 машки и 2 женски)
- секоја штафета мора да има свое уникатно име
- штафета се трча по следниве измени и км. , 1 измена трча 10км, 2 измена трча 11км, 3 измена трча 10км, 4 измена трча 11км
- во листата на резултати ќе има 3 посебни рангирања: машка штафета, женска штафета, мешана штафета
- членовите на штафетата не смеат да бидат пријавени и да трчаат во друга трка во спротивно следува дискфалификација
Стандарден пакет
Котизација за штафетен маратон - ЕУ за спорт, 10-11-10-11 км |
до 15 јуни 2024 | до 25 јули 2024 | до 20 септември 2024 | |
5000 денари за цела екипа | 5600 денари за цела екипа | 6200 денари за цела екипа |
НАПОМЕНА: Стартот на штафетниот маратон е во 8:00 часот на 6 октомври 2024
Стартниот пакет за штафетниот маратон - ЕУ за спорт, секој учесник (4 натпреварувачи/ки) од екипата добива:
- Dry-fit маица со логото на трката, за пријави до 29 август 2024, оние кои што ќе се пријават после овој датум не добиваат маица
- Стартен број со чип (за извршена регистрација до 10 септември 2024 на стартниот број ќе биде испечатено и вашето име од пријавата)
- 20 ЕУР вредносен ваучер од Wizz Air (кликни тука за повеќе информации и условите за користење)
- Торбица
- Фотографии преку платформата GetPica
- Медал на крај од трката
- Освежување и овошје
- Онлајн диплома
- Дигитален стартен пакет
- Осигурување од несреќен случај за време на траење на маратонот
- Подарок од партнерите на маратонот
Пријави се за штафетен маратон
Напомена: Пријавата станува валидна после извршеното плаќање на котизацијата. Цената на пакетот за учество зависи од датумот на уплата, не од датумот на регистрација. Пријавувањето може да заврши и пред предвидениот рок (20 септември 2024) доколку бројката на планирани учесници биде пополнета или да се продолжи доколку не се пополни планираната бројка на учесници. Организаторот го задржува правото за промена на содржината на стартниот пакет.
По извршената онлајн уплата, на емаил адресата која е оставена при вашето пријавување, во рок од неколку минути ќе добиете порака за успешна пријава во која ќе биде наведен и вашиот стартен број. За уплати преку уплатница потврда за уплатата ќе добиете за неколку дена (во зависност кога ќе пристигне уплатата на нашата жиро сметка).
При процесот на регистрација ќе треба да ги прифатите условите за учество во трката. Ве молиме прочитајте ги внимателно.