team-buildingТим билдинг - Пријави своја екипа на 5км или полумаратон

ПРАВИЛА
Дали трчате од некоја компанија, или можеби сте поголема група на пријатели?
Пријави ја својата екипа за рангирање на екипен пласман на 5 км или во полумаратон.
При пополнување на онлајн пријавата за секој учесник во полето “Клуб/Team Building“ напишете го името на вашата екипа. ВАЖНО! Името на екипата мора да биде напишано на латиница (заради системот за обработка на податоци) и мора да биде истото за секој член бидејќи системот нема да може да препознае дека сте од иста екипа. На пример, ако вашето име на екипата е Trcame Zaedno тогаш треба за сите членови од екипата при пријавување да се внеси истото име.
Ако сакаш твојата екипа да се најде на ранг листата во трката на 5 км треба да брои најмалку 4 натпреварувачи-ки, додека во полумаратонот екипата треба да брои најмалце 3 натпреварувачи-ки. Максималниот број на натпреварувачи-ки во екипата не е ограничен, пример ако сте пријавиле 8 натпреварувачи-ки во рангирањето за твојата екипа ќе се земат времињата само на најдобрите 4 натпреварувачи-ки.
Рангирањето на 5 км и полумаратон ќе се изврши во две категории (мажи/жени).
Еден натпреварувач-ка не смее да биде пријавен-а за две екипи, доколку тоа се случи тој натпреварувач ќе биде дисквалификуван од рангирањето на екипата.
Резултатите ќе бидат објавени 24 часа после завршувањето на Скопскиот маратон, а победниците ќе бидат прогласени на свечениот коктел кој се организира неколку дена по завршување на маратонот.

За сите дополнителни прашања или доколку веќе сте се пријавиле а не сте го напишале името на вашата екипа контактирајте не на емаил info@skopskimaraton.com.mk