ПРАВИЛА ЗА TEAM BUILDING ПРИЈАВА
Дали трчате од некоја компанија, или можеби сте поголема група на пријатели?
Пријави ја својата екипа за рангирање на екипен пласман на 5 км или во полумаратон.
При пополнување на онлајн пријавата за секој учесник во полето “Клуб/Team Building“ напишете го името на вашата екипа или одберете од веќе понудените екипи (проверете можеби некој од вашиот тим веќе го додал името на тимот).
ВАЖНО! Името на екипата мора да биде напишано на латиница (заради системот за обработка на податоци) и мора да биде истото за секој член бидејќи системот нема да може да препознае дека сте од иста екипа. На пример, ако вашето име на екипата е Trcame Zaedno тогаш треба за сите членови од екипата при пријавување да го одберете името Trcame Zaedno.
Ако сакате вашата екипа да се најде на ранг листата во трката на 5 км, тогаш вашиот тим треба да брои најмалку 4 натпреварувачи-ки, додека во полумаратонот екипата треба да брои најмалце 3 натпреварувачи-ки. Максималниот број на натпреварувачи-ки во екипата не е ограничен, пример ако сте пријавиле 8 натпреварувачи-ки во рангирањето за твојата екипа ќе се земат времињата само на најдобрите 4 натпреварувачи-ки.
Рангирањето на 5 км и полумаратон ќе се изврши во две категории (мажи/жени).
Еден натпреварувач-ка не смее да биде пријавен-а за две екипи, доколку тоа се случи тој натпреварувач ќе биде дисквалификуван од рангирањето на екипата.
Резултатите ќе бидат објавени во рок од 24 часа после завршувањето на Виз Ер Скопскиот маратон, а победниците ќе бидат прогласени на свечениот коктел кој се организира неколку дена по завршување на маратонот.

Доколку вашата екипа брои повеќе од 5 членови може да извршите и групна пријава преку системот за регистрација. За деталите обратете се на емаил biljana@skopskimaraton.com.mk

За сите дополнителни прашања контактирајте не на емаил info@skopskimaraton.com.mk