СТАРТНИ ПАКЕТИ

Стартните пакети ќе може да се подигнат на 29 и 30 септември од 11 до 19 часот, локацијата ќе биде дополнително објавена. На денот на трката (1 октомври 2023) нема да можете да си го подигнете стартниот пакет.

ПРАВИЛА ЗА НОСЕЊЕ НА СТАРТЕН БРОЈ

На Виз Ер Скопскиот маратон 2022 ќе се користи чип за мерење на времето прикачен на задната страна на стартниот број кој ќе го регистрира вашето време. Вашиот стартен број содржи важни информации затоа е важно да се почитуваат правилата. Стартниот број треба да биде закачен на предниот дел од вашата маица за да во текот на трката бидете препознати.

  • секој натпреварувач мора да го носи стартниот број цело време додека е на патеката за трчање
  • не го разменувајте вашиот стартен број со друг натпреварувач
  • стартниот број мора да биде видливо закачен на предниот дел од вашата маица
  •  склопување, покривање или сечење на стартниот број или намерно промена на било кој дел од стартниот број не е дозволено
  • отстранување на чипот од задната страна на бројот е строго забрането
  • не го оштетувајте и не ги ставајте безопасните игли преку чипот
  • не ја преминувајте контролната точка пред стартот на трката
  • покривањето на стартниот број кога ја поминувате целната линија е строго забрането

ЗАПОМНЕТЕ: НЕМАШ ЧИП – НЕМАШ ВРЕМЕ.

Безопасни игли за закачување на стартниот број ќе ви бидат вметнати во вашиот стартен пакет. Чипот е неповратен, што значи дека немате обврска после трката да го вратите чипот.

СТАРТ / ЦЕЛ

Стартот на сите трки е во 8.00 часот пред Собранието на Р.Македонија на 1 октомври 2023. Целта на сите трки е после Порта Македонија, на Плоштад Македонија. Стартот за полумаратон ќе биде поделен во зони според таргет времето за цел кое сте го одбрале при процесот на пријавување. Учесниците во маратон и штафетен маратон стартуваат од зона 1.
Сите учесници во трката на 5км стартуваат во една зона.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ

Временскиот интервал за којшто натпреварувачите од маратон, полумаратон и штафетен маратон треба да ја завршат трката е 5 часа и 30 минути од почетокот на трката. За трката на 5км рокот за завршување на трката е 1 час. По зададениот рок сите натпреварувачи ќе бидат одстранети од патеката.

ПАТЕКА

Патеката за маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон се протега од населбата Влае до населбата Аеродром (види мапа).
Патеката за трката на 5км е во правец накај населбата Аеродром.

ОСВЕЖИТЕЛНИ СТАНИЦИ

Ќе бидат поставени осум (8) освежителни станици долж целата патека на маратонот и полумаратонот, и една (1) на патеката на 5000 метри

ПРВА ПОМОШ

Ќе биде обезбедена “Прва Помош“ на 5 места на патеката, а долж патеката ќе има и неколку возила со медицински персонал во движење. Лекарска екипа ќе има и на целта.

ПРАВИЛА

Трката се одвива според правилата на Светска Атлетика (WA), АИМС и Атлетската Федерација на Македонија. Судии распоредени на стартот, целта и на патеката ќе ги спроведуваат правилата. Само постари од 18 години може да учествуваат во маратонската и полумаратонската трка, за помлади од 18 години потребна е писмена изјава од родител/старател и лекарска потврда дека може да учествува. Забрането е да се користат ролери-скејтбоард, велосипеди и други средства за превоз.

ЗОНА НА СТАРТОТ

Зоната на стартот ќе биде пред Собранието на Р.Македонија за учесниците во маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон и трката на 5км
Само на натпреварувачите со стартниот број ќе им биде дозволен влез во зоната на стартот.

ЗОНА НА ЦЕЛТА

Кога ќе ја поминете целта ве молиме не се задржувајте во таа зона, продолжете да одите. Доколку ви е потребна медицинска помош побарајте помош од волонтерите. Сите промотивни штандови и прогласување на победниците ќе бидат на Плоштад Македонија

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО

Во текот и по завршување на трката резултатите ќе бидат поставени на нашата веб страна.
Тие резултати ќе бидат неофицијални. Ако најдете грешка во резултатите во рок од 24 часа испратете ни емаил на info@skopskimaraton.com.mk , после тоа резултатите ќе бидат официјални и нема да може да се променат.

ДИПЛОМА

Вашата диплома во PDF формат ќе можете да ја преземете од листата на резултати

ФОТОГРАФИИ ОД ЦЕЛ

На овој линк пријавете се за да ги добиете вапите фотографии (ова важи само за учесниците во маратон, полумаратон и штафетен маратон)
http://skopskimaraton.com.mk/pic2go/

ЕКИПЕН НАТПРЕВАР

Дали трчате од некоја компанија, или можеби сте поголема група на пријатели? Натпреварувајте се под исто име и доколку сте најмалку 3 натпреварувачи-ки на полумаратон и 4 натпреварувачи на 5км влегувате во рангирањето за екипен пласман.

ШТАФЕТЕН МАРАТОН - ЕУ за Спорт

Штафетен маратон е трка на 42.195 метри во која учествуваат 4 натпреварувачи. Натпреварувачите трчаат по следниве должини: 10км - 11км - 10км - 11км. Стартниот број со чип го носи првиот натреварувач од штафетата и потоа тој го предава на следниот натпреварувач на местата за промени на стартниот број кои ќе бидат соодветно означени на патеката.  Правилата прочитајте ги на овој линк