Што значи пакет со можност за рефундација?

Со уплата на овој пакет (плус 300 ден) имате можност да побарате поврат на 100% од средствата во висината на стандардниот пакет.

Доколку при процсот на регистрација го одберете стартниот пакет со можност за рефундација имате можност да побарате поврат на 100% од средствата во висината на стандардниот пакет.
За да се реализира рефундацијата во износ на 100% од износот на стандардниот пакет, условот е  да испратите барање за рефундација во кое ќе го наведете вашиот стартен број, најдоцна до 9 септември 2027 на следнава емаил адреса info@skopskimaraton.com.mk

Износи на рефундација

Маратон/Полумаратон
- за уплати на пакет со рефундација до 10 февруари 2027, се рефундираат 2000 денари
- за уплати на пакет со рефундација од 11 февруари до 31 јули 2027, се рефундираат 2500 денари
- за уплати на пакет со рефундација до 1 август до 9 септември 2027, се рефундираат 3000 денари

Штафетен маратон
Нема опција за пакет со рефундација

Трка на 5км
Нема опција за пакет со рефундација

Средсвата ќе бидат рефундирани на вашата сметка од која е извршена уплатата, и барањето ќе треба да биде испратено од емаил адресата која што е наведена во пријавата.
Средствата ќе се рефундираат во период од 1 недела по испратеното барање.