Три, за позор, четири, ПРИЈАВИ СЕ!

Categories: Events,Вести,Новости

zavestotvaranjeНиз годините, Виз Ер Скопски Маратон прерасна во најмасовен спортски настан во Македонија кој привлекува се поголем број на учесници, како домашни така и странски натпреварувачи. Од настан кој се организира еднаш годишно, истиот се претвори во движење кое ги претставува некои од најголемите човекови вредности, како истрајноста, упорноста и солидарноста.

За претстојниот маратон, кој ќе се одржи на 7ми мај, 2017, внесуваме интересен новитет за најбрзите заинтересирани кои ќе се пријават да учествуваат во некоја од трките, а на програмата се 4: маратон, полумаратон, штафетен маратон и трка на 5км. “Вратите” за онлајн пријавувањето на маратонот ќе се отворат на 26ти Oктомври 2016 во 08:45 часот наутро на веб страната skopskimaraton.com.mk, а сите заинтересирани ќе имаат ексклузивна можност да го одберат својот омилен број (од понудените ранг на броеви). Изборот на стартниот број ќе се одвива при процесот на онлајн регистрација, и во овој период плаќањето ќе може да се изврши само со плаќање преку онлајн системот. Овој прозорец на слободен избор ќе трае само до 27ми Oктомври, до 23:59 часот, пред полноќ. По завршување на промотивниот период, стартните броеви веќе нема да може да се бираат по слободен избор, туку ќе бидат автоматски доделувани преку системот за регистрација, и ќе има можност за плаќање и преку уплатница во банка.

Пријавувањето и регистрацијата за Виз Ер Скопски Маратон 2017 ќе може да се изврши преку официјалната веб страна на Виз Ер Скопскиот Маратон,  skopskimaraton.com.mk и преку партнерот за онлајн регистрација на Виз Ер Скопски Маратон, www.smartrace.club. Како и секогаш, брановите за регистрација и оваа година ќе бидат распределени во повеќе етапи а првиот завршува на 30ти Ноември, потоа цените ќе се зголемуваат на секои два месеци.

Предноста од пријавувањето во раните периоди е тоа што цените за маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон и трката на 5км се пониски за разлика од подоцнежните рокови за пријавувањае.

Можноста да се одбере својот стартен број од броевите кои ќе бидат понудени за секоја од трките, е ретка можност за секој учесник да учествува на претстојното издание на Виз Ер Скопски Маратон со број кој претставува и симболизира нешто вредно и значајно за истиот.

И оваа година, при регистрацијата сите кои во 2016 не ја искористиле можноста за бесплатна регистрација, а биле пријавени на маратонот, полумаратонот или на штафетниот маратон во 2015, ќе можат да побараат купон за бесплатна регистрација и истиот да го искористат за регистрација за трките во 2017. Повеќе информации за бесплатниот купон на следниов линк skopskimaraton.com.mk/kupon