Купон за регистрација за пријавените во 2015 година

Сите пријавени за маратонската и полумаратонската трка во 2015 година, како и за штафетниот маратон (цела екипа) ќе имаат можност во некои од следните три изданија на Виз Ер Скопскиот маратон (2016, 2017 или 2018) да искористат бесплатна регистрација. За учесниците на трката на 5км не следува бесплатна регистрација.
Како да ја добиете и да ја искористите бесплатната регистрација?
Прво треба да испратите барање на info@skopskimaraton.com.mk дека сакате да користите бесплатна регистрација за 2017.
Барањето треба да ги содржи следниве податоци:
- ваше име и презиме
- вашиот стартен број од 2015 година
- вашата емаил адреса (со која сте се регистрирале во 2015)
Откога ќе ги провериме вашите податоци, доколку се е во ред, на вашата емаил адреса која сте ја оставиле при вашата регистрација во 2015 нашиот партнер Smart Race ќе ви испрати купон за бесплатна регистрација. За да го искористите купонот ќе треба да имате креирано ваш кориснички профил на www.smartrace.club
По креирањето на вашиот кориснички профил најавете се со вашите податоци на www.smartrace.club
Откако ќе се најавите, во менито од левата страна кликнете на “Регистрација со купон“ (види слика доле)
slika01

Потоа во полето “Внеси купон“ (1) напишете го бројот на купонот кој го добивте на емаил и кликнете на “Потврди купон“ (2) за проверка на купонот. Откако ќе ви биде потврден купонот, избери трка (3) од понудените и продолжете со регистрација. (види слика доле)

slika02

Потоа одберете го вашето име или Регистрирајте нов учесник.
Со оваа бесплатна регистрација го добивате следниот стартен пакет:
- стартен број со чип (за извршена регистрација до 31 март на стартниот број ќе биде испишано вашето име од пријавата)
- брендирана торбичка од Виз Ер Скопски маратон
- персонално видео
- програма за трката и рекламен материјал
- медал (за сите што ќе ја завршат трката)
- освежување
- онлајн диплома
- пакет продукти (храна) по завршување на трката

Со оваа бесплатна регистрација не ви следува dry-fit маица со логото на трката, но истата можете да ја купите во вредност од 400 ден. при процесот на регистрацијата со кликнувње на копчето додади (види слика доле).

slika03

Купонот за регистрација може да се искористи само еднаш, и истиот може да го искористите додека има слободни стартни броеви. Купонот може  да се искористи до 27 април 2018.

За дополнителни информации пишете ни на info@skopskimaraton.com.mk