Право на учество во маратонската трка имаат само постари од 16 години.
Пред да ја извршите пријавата ве молиме прочитајте ги условите и правилата за учество кои се составен дел од вашата пријава, кликни тука
Стандарден пакет
Котизација за полумаратон |
до 10 февруари 2025 | до 31 јули 2025 | до 19 септември 2025 | |
1700 денари | 2000 денари | 2500 денари |
При регистрацијата може да одберете дополнителен продукт “можност за рефундација“ по цена од 300 денари (кликнете тука да дознаете повеќе)
НАПОМЕНА: Стартот на полумаратонската трка е во 8:00 часот на 5 октомври 2025
Содржина на стартен пакет:
- Dry-fit маица со логото на трката за пријави до 29 август 2025, оние кои што ќе се пријават после овој датум не добиваат маица
- Стартен број со чип (за извршена регистрација до 10 септември 2025 на стартниот број ќе биде испечатено и вашето име од пријавата)
- 20 ЕУР вредносен ваучер од Wizz Air (кликни тука за повеќе информации и условите за користење)
- Торбица
- Бесплатни Фотографии
- Медал на крај од трката
- Освежување и овошје
- Онлајн диплома
- Дигитален стартен пакет
- Ланч пакет на целта
- Осигурување од несреќен случај за време на траење на маратонот
- Подарок од партнерите на маратонот
Напомена: Пријавата станува валидна после извршеното плаќање на котизацијата. Цената на пакетот за учество зависи од датумот на уплата, не од датумот на регистрација. Пријавувањето може да заврши и пред предвидениот рок (19 септември 2025) доколку бројката на планирани учесници биде пополнета или да се продолжи доколку не се пополни планираната бројка на учесници. Организаторот го задржува правото за промена на содржината на стартниот пакет.
По извршената онлајн уплата, на емаил адресата која е оставена при вашето пријавување, во рок од неколку минути ќе добиете порака за успешна пријава во која ќе биде наведен и вашиот стартен број. За уплати преку уплатница потврда за уплатата ќе добиете за неколку дена (во зависност кога ќе пристигне уплатата на нашата жиро сметка).
При процесот на регистрација ќе треба да ги прифатите условите за учество во трката. Ве молиме прочитајте ги внимателно.