Подигнувањето на стартните пакети за Виз Ер Скопски маратон 2025, ќе биде на 3 и 4 октомври.
Работното време на Маратон ЕКСПО:
Петок (3 октомври 2025) | 10.00 до 20.00
Сабота (4 октомври 2025) | 10.00 до 20.00
При подигање на стартните пакети потребно е да се покаже потврдата која ќе ја добиете на емаил со QR код и документ за лична идентификација (лична карта или патна исправа за странските натпреварувачи). Без овие документи нема да може да се подигне стартниот пакет.
ВАЖНО! На денот на трката (5 октомври 2025) нема да се издаваат стартни пакети.