- ПОДИГНУВАЊЕ НА СТАРТНИ ПАКЕТИ
На 30 септември, 1 и 2 октомври 2027, од 10 до 20 часот , во шопинг центарот Diamond Mall.
Повеќе детали на следниот линк:
http://skopskimaraton.com.mk/podignuvanjeStartniPaketi
- ДОАЃАЊЕ ВО ЗОНАТА НА СТАРТ И ПАТЕКА НА ТРЧАЊЕ
Старт – маратон, полумаратон и штафетен маратон пред пешачкиот кај Рекорд, а за трката на 5км пред семафорите кај црвен крст
Време на старт на маратонот, полумаратон и штафетниот маратон е во 08:15 часот, а на трката на 5КМ во 7:45 часот.
Учесниците во полумаратон ќе треба да влезат во својата зона на старт според бојата означена на стартниот број. Сите учесници во маратонот и полумаратон се распоредени според зони која е одбележана на стартниот број, додека првите измени на штафетните тимови влегуваат во зона на старт 1.
Трката на 5км ќе стартува во 7:45 часот, и сите учесници се во една зона на старт, спротивно поставени од учесниците на другите трки. Локација на старт на трката на 5КМ е пред семафорите кај Црвен Крст на улицата 11 Октомври.
Повеќе детали и мапа на старт, цел и патеката на трчање најдете на следниот линк:
http://skopskimaraton.com.mk/info/pateka/
- ЗОНА НА СТАРТОТ
Зоната на стартот ќе биде од пешачкиот предРекорд до пред Собранието на Р.Македонија за трките маратон, полумаратон и штафетен маратон, додека за трката на 5КМ зоната на старт ќе почнува од Собранието на Р.Македонија па се до Црвен Крст на улицата 11 Октомври. Само на натпреварувачите со стартниот број ќе им биде дозволен влез во зоната на стартот. На стартните броеви за маратон и полумаратон е наведена зоната на старт, ве молиме да ја почитувате. Учесниците во штафетниот маратон влегуваат во зона 1.
За учесниците во трката на 5КМ нема зона на старт, сите влегуваат во една зона.
- ЗОНА НА ЦЕЛ
По влегувањето во целта го добивате вашиот заслужен медал за завршената трка за учество во маратон, полумаратон и штафетен маратон. Учесниците во трката на 5КМ не добиваат медал. Последниот тркач од штафетниот тим ги зема сите 4 медали за својот тим. Потоа земате вода и останати продукти и ја напуштате зоната на цел. Ве молиме да не се задржувате во зоната на цел.
Резултатите ќе бидат објавувани во живо на нашата веб страна и во секое време ќе може да го видите вашиот резултат и пласман.
Целта на сите трки ќе биде на 80 метри после Порта Македонија.
- ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ПОБЕДНИЦИ
Церемонијата на прогласување на победници ќе започне во 12.30 часот на бината која е поставена во близина на целта. Прогласување на бината ќе има за следните категории:
- 1, 2 и 3 место во генерален пласман во маратон (мажи и жени)
- 1, 2 и 3 место најдобри македонски маратонци (мажи и жени)
- 1, 2 и 3 место во генерален пласман во полумаратон (мажи и жени)
- 1, 2 и 3 место во штафетен маратон (категории мажи, жени и мешани)
- 1, 2 и 3 место во Тим Билдинг во полумаратон (мажи и жени)
- 1, 2 и 3 место во генерален пласман на 5км (мажи и жени)
- 1, 2 и 3 место во Тим Билдинг на 5км (мажи и жени)
- ФОТОГРАФИИ ОД НАСТАНОТ
На 3 октомври ќе биде објавен линк на кој ќе можете да ги добиете вашите бесплатни фотографии од трката преку правење селфи. Затоа за време на трката бидете насмеани и позирајте им на нашите фотографи.
