Следните услови и правила се составен дел од вашата регистрација за учество нa Виз Ер Скопски маратон 2024:
- За трката:
1.1 Име на настанот: 20-ти Виз Ер Скопски маратон 2024
1.2 Настанот ќе се одржи на 06.10.2024 со почеток во 8.00 часот. Организаторот си остава за право да ги промени термините на трките и фондот на награди доколку тоа го наметнуваат условите.
1.3 Организатор на трката: Сојуз на спортови на Скопје, АК Работнички
1.4 Службени јазици на трката : Македонски и Англиски
1.5 Трки: маратон (42.194 м.), полумаратон (21.097 м), штафетен маратон – ЕУ со тебе (10-11-10-11 км), трка на 5км (5000 м)
1.6 Трката има сертификат од Асоцијацијата за улични трки (AIMS) и се одвива според правила на Светска Атлетика (WA) и АФСМ
1.7 Оној учесник што нема да ги испочитува наведените правила и нема да се придржува до инструкциите од организаторите на самиот ден на трката, нема да му биде дозволено да стартува.
1.8 Правилата на трката важат за сите учесници и се составен дел од условите за пријавување на трката, а со пријавувањето учесникот ги прифаќа правата и обврските регулирани со овие правила.
- Пријави и одговорности на учесниците
2.1 Пријавите за учество се отворени на 28.03.2024 во 09.00 часот, а се затвора на 20.09.2024 во 23:59 часот. На денот на трката не е можно пријавување.
2.2 Цената на пакетот за учество зависи од датумот на уплата, не од датумот на регистрација. За пријава до 10 септември вашето име ќе биде испечатено на стартниот број.
2.3 За пријави и уплати извршени до 29.08.2024 во стартниот пакет следува и маица, за пријави после овој датум учесниците не добиваат маица
2.4 Пријавата може да ја промените/едитирате без надомест до 20 август 2024 преку линк кој ќе го добиете на вашиот емаил. После овој рок пријавата може да се промени со уплата на 250 денари на сметка на организаторот, 300000003225674 – Комерцијална Банка, за што треба да побарате промена преку емаил на info@skopskimaraton.com.mk најдоцна до 15 септември 2024
2.5 Трката има ограничен број на учесници и пријавувањето е затворено во моментот на пополнување на бројот на учесници, што може да биде пред крајниот рок од член 2.1
2.6 Временско ограничување за завршување на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон е 5 часа и 30 минути, додека за трката на 5км е 1 час.
2.7 Учесникот на трката е одговорен за неговата физичка и здравствена подготвеност за учество на трката.
2.8 Учесниците учествуваат на сопствен ризик. Организаторите не сносат никакви правни последици во случај на телесна повреда, други здравствени проблеми или смрт, оштетување на опремата и помагала на учесникот, повреда на детето во количка. Лекарскaтa екипa има право да го отстрани учесникот во трката доколку констатира опасност по неговото здравје.
2.9 Организаторот е должен да обезбеди итна медицинска помош за време на трката.
2.10 Со пријавувањето на трката, учесникот се согласува дека организаторот може да користи фотографии и видео снимки направени за време, непосредно пред и по трката, вклучувајќи ги сите видови на рекламирање на радио, ТВ и интернет како и за други рекламни потреби на организаторот.
2.11 Секој регистриран натпреварувач мора да трча со стартниот број што му е доделен во старниот пакет и за истиот не е можно отстапување на друго лице, во било кој случај, дури и во случај да не е можно учество на настанот од било кои причини. Пријавувањето за трката е лично. Учесникот потрвдува дека сите информации внесени во пријавата се точни. После регистрацијата, учесникот нема право на рефундирање на уплатени средства, освен ако го избере пакетот со можност за рефундација и ако постапи според упатството наведено во 3.7 од овој правилник.
2.12 Учество во трката со стартен број на кој е пријавено друго лице е основа за дисквалификација.
2.13 Во случај на презакажување на трката заради влошена епидемиолошка состојба во државата или од други непредвидени околности уплатените средства не се рефундираат, пријавата ќе важи за следната трка.
- Старни пакети и подигање
3.1 Старните пакети ќе може да се подигнат на 4 и 5 соктомври 2024, а локацијата ќе биде дополнително објавена од страна на организаторот.
3.2 Стартниот пакет за маратонот и полумаратонот се состои од: подготовка и обезбедување на патеката, (затворање на улици), станици за освежување, мерење на време, медицински тим старт/финиш зона, персонал за организирање на настанот, услуги за складирање на лични работи за време на трката, тоалети достапни на старт/цел и на патеката, стартен број со чип за мерење на време, торбица, маица (за уплати до 29 август 2024), подароци од спонзори, медал за учество во трката, резултати во живо, електронска диплома, пехари и диплома за првите три апсолутни победници и по категории, осигурување од повреда, бесплатни фотографии
3.3 Стартниот пакет за трката на 5км се состои од: подготовка и обезбедување на патеката, (затворање на улици), станици за освежување, мерење на време, медицински тим старт/финиш зона, персонал за организирање на настанот, услуги за складирање на лични работи за време на трката, тоалети достапни на старт/цел, стартен број со чип за мерење на време, торбица, маица (за уплати до 29 август 2024), подароци од спонзори, резултати во живо, електронска диплома, пехари и диплома за првите три апсолутни победници и по тимови, осигурување од повреда, бесплатни фотографии
3.4 Стартниот пакет за штафетниот маратонот се состои од еден стартен број со чип (стартен број на екипата што се предава на секоја измена) и 4 стартни броеви без чип за секој учесник од тимот. Во пакетот следуват: подготовка и обезбедување на патеката, (затворање на улици), станици за освежување, станици за примопредавање на штафетата, мерење на време, медицински тим старт/финиш зона, персонал за организирање на настанот, услуги за складирање на лични работи за време на трката, тоалети достапни на старт/цел и на патеката, торбица за секој член од тимот, маица за секој член од тимот (за уплати до 29 август 2024), подароци од спонзори, медал за учество во трката за секој член од тимот, резултати во живо, електронска диплома, пехари и диплома за првите три апсолутни победници и по категории, осигурување од повреда, бесплатни фотографии
3.5 Стартниот пакет се подига лично со документ за идентификација и/или со потврда за регистрација на трката која може да се прикаже во печатена или електронска форма.
3.6 Преземањето на стартниот пакет за друг учесник е можно само со прикажување на личен документ и/или потврда за регистрација на трката од другиот учесник.
3.7 Доколку го одберете стартниот пакет со можност за рефундација (за маратон или полумаратон), за да се реализира рефундацијата во износ на 100% од износот на стандардниот пакет, ќе мора да испратите барање во кое ќе го наведете вашиот стартен број, најдоцна до 10 септември 2024 на следнава емаил адреса info@skopskimaraton.com.mk
За повеќе информации кликнете тука
- Учество во трката
4.1 Учество во трката е можно само со стартниот број издаден од организаторот
4.2 Стартниот број се поставува на предната страна под градите и мора да е видлив во секое време на трката и за време на влегувањето во целта.
4.3 На позадината на стартниот број се наоѓа чипот за мерење на време кој не смеете да го уништувате (превиткувате) на било кој начин, во спротивно нема да биде регистрирано вашето време.
4.4 Во штафетниот маратон – ЕУ за спорт има 3 категории на тимови: машки, женски и мешани (мешана е во состав од 2 машки и 2 женски)
4.5 Дозволено е учество само во една трка. Доколку некој од учесниците или некој од штафетниот тим се пријави и учествува на две различни трки (пример: штафетен маратон и маратон или полумаратон или трка на 5км) учесникот и штафетниот тим ќе бидат дискфалификувани од сите трки.
4.5 Резултатите се достапни онлајн за време и по завршувањето на трката на линкот кој ќе го објави организаторот пред почетокот на трката. Жалба во врска со резултатите за првите тројца се поднесува во рок од 30 мин по завршувањето на трката написмено до официјалните судии. Рок за поднесување на жалба за останатите резултати е 24 часа по завршување на трката, исклучиво преку е-маил. По истекот на правото на жалба, резултатите стануваат официјални.
- Стартни зони
5.1 Учесниците на маратон и полумаратон на стартот ќе бидат распоредени во 4 стартни боксови според таргет времето кое ќе го одберете при процесот на пријавување. Учесниците во штафетниот маратон и трката на 5км ќе бидат распоредени во посебни стартни зони кои ќе бидат означени во зоната на старт со името на трката.
Таргет времињата за маратон се следни:
бокс 1 - таргет време под 3:10:00
бокс 2 - таргет време од 3:10:01 до 3:30:00
бокс 3 - таргет време од 3:30:01 до 4:00:00
бокс 4 - таргет време над 4:00:01
Таргет времињата за полумаратон се следни:
бокс 1 - таргет време под 1:40:00
бокс 2 - таргет време од 1:40:01 до 1:50:00
бокс 3 - таргет време од 1:50:01 до 2:00:00
бокс 4 - таргет време над 2:00:01
5.2 Доколку не одберете таргет време при процесот на пријавување ќе бидете сместени во 4-от бокс. На стартниот број ќе биде обележано вашето таргет време и нема да може да влезете во стартен бокс со друго таргет време.
- Дозволена и недозволена опрема
6.1 На трката не е дозволена употреба на ролери, скутери, велосипеди или други помагала со тркала. Исклучок се лицата со ограничена подвижност кои не можат да се движат без помагала.
6.2 Сите лица во трката мора да учествуваат самостојно.
6.3 Дозволено е учество на тркачи со дете во количка што ја турка пред него заедно со претходно известување на организаторот, и истите застануваат на старт помеѓу последните редови.
6.4 На учесниците им е дозволено учество во трката со куче на поводник, со претходна најава на организаторот, и истите застануваат на старт помеѓу последните редови.
6.5 За време на трката не се препорачува слушање музика со слушалки, од безбедносни причини. Едното уво мора да ви биде слободно за да може да ги слушнете сите инструкции / звуци / амбулантна сирена/ за време на трката
- Спортско однесување
7.1 Сите учесници мора да ги слушаат во секое време на патеката и во стартно/ целната рамнина, инструкциите на организаторот или претставници на огранизаторот
7.2 Сите учесници треба да се однесуваат спортски и фер-плеј во секое време и да се однесуваат со почит кон другите учесници, гледачи и организаторот.
7.3 Непочитувањето на правилата за спортско однесување може да резултира со казна или дисквалификација во согласност со одлуката на Органицациониот одбор.
- Измени на правила
8.1 Организаторот си остава за право да ги промени правилата, термините на трките и фондот на награди доколку тоа го наметнуваат условите.
8.2 Во случај на измени и дополнување на правилата организаторот ќе го објави на својата веб-страница и Фејсбук страница.
Ги прочитав , разбрав и целосно ги прифаќам условите и правилата за учество во трката"
За да се осигура вашата заштита на приватност вашите податоци се зачувани во електронска форма.