Право на учество во маратонската трка имаат само постари од 18 години.
Пред да ја извршите пријавата ве молиме прочитајте ги условите и правилата за учество кои се составен дел од вашата пријава, кликни тука

Стандарден пакет

Котизација за маратон
до 10 февруари 2025 до 31 јули 2025 до 19 септември 2025
1700 денари 2000 денари 2500 денари

При регистрацијата може да одберете дополнителен продукт “можност за рефундација“ по цена од 300 денари (кликнете тука да дознаете повеќе)


НАПОМЕНА: Стартот на маратонската трка е во 8:00 часот на 5 октомври 2025

Содржина на стартен пакет:
- Dry-fit маица со логото на трката за пријави до 29 август 2025, оние кои што ќе се пријават после овој датум не добиваат маица
- Стартен број со чип (за извршена регистрација до 10 септември 2025 на стартниот број ќе биде испечатено и вашето име од пријавата)
- 20 ЕУР вредносен ваучер од Wizz Air (кликни тука за повеќе информации и условите за користење)
- Торбица
- Бесплатни Фотографии
- Медал на крај од трката
- Освежување и овошје
- Онлајн диплома
- Дигитален стартен пакет
- Ланч пакет на целта
- Осигурување од несреќен случај за време на траење на маратонот
- Подарок од партнерите на маратонот

Пријави се за маратон

plava-linija

Напомена: Пријавата станува валидна после извршеното плаќање на котизацијата. Цената на пакетот за учество зависи од датумот на уплата, не од датумот на регистрација. Пријавувањето може да заврши и пред предвидениот рок (19 септември 2025) доколку бројката на планирани учесници биде пополнета или да се продолжи доколку не се пополни планираната бројка на учесници. Организаторот го задржува правото за промена на содржината на стартниот пакет.

По извршената онлајн уплата, на емаил адресата која е оставена при вашето пријавување, во рок од неколку минути ќе добиете порака за успешна пријава во која ќе биде наведен и вашиот стартен број. За уплати преку уплатница потврда за уплатата ќе добиете за неколку дена (во зависност кога ќе пристигне уплатата на нашата жиро сметка).

При процесот на регистрација ќе треба да ги прифатите условите за учество во трката. Ве молиме прочитајте ги внимателно.