ВИДЕО СЕКУНДИ ЗА МОТИВАЦИЈА

ТВОИТЕ 7 СЕКУНДИ МОЖАТ ДА НАПРАВАТ РАЗЛИКА!

За еден маратонец или полумаратонец, само 7 секунди поддршка можат да значат дополнителна енергија токму кога му е најпотребна. 🔥
Последните километри се најтешки.
Нозете се уморни.
Но, една порака може да даде нова енергија. 💪
🎥 Сними видео порака за твојот тркач во траење од 7 секунди и испрати му ја поддршката на твојот тркач на патеката!

Како?

1. 🎬 Сними видео порака со звук во траење од 7 секунди
Видеото треба да биде снимено во хоризонтален формат.
2. 📋 Прочитај ги условите
Видеото може да биде одбиено доколку не ги исполнува условите. Задолжително прочитај ги условите пред да го испратиш.
3. 📝 Пополни го формуларот
Пред да го пополниш формуларот, потребно е да го знаеш стартниот број на твојот тркач. Провери го во стартната листа ТУКА.
4. 📱 Прикачи го видеото
Прикачи го снименото видео и испрати ја твојата видео порака.
Видео секунди за мотивација
Нашиот технолошки партнер Македонски Телеком, преку голем LED дисплеј, ќе ја прикаже твојата видео порака кога твојот тркач ќе пристигне до Мотивациската Видео Зона. 💪🏁
📍 18 km – полумаратон
📍 39 km – маратон
7 секунди од тебе.
Последниот поттик за него. 🏃🔥
#МотивацискаВидеоЗона   #7Секунди   #ВидеоСекундиЗаМотивација
Македонски Телеком