Услови за учество во видео кампањата „ВИДЕО СЕКУНДИ ЗА МОТИВАЦИЈА“
Организатор на кампањата: Виз Ер Скопски Маратон – Сојуз на спортови
Технички реализатор: Таг Тиминг
Поддржувач на кампањата: Македонски Телеком
Видеото треба да биде снимено во хоризонтален формат (16:9).
Видеото треба да трае од 5 до 7 секунди.
Видеото задолжително треба да има јасен и разбирлив звук.
За еден стартен број може да се испрати само една видео порака.
Видео пораката треба да биде позитивна и мотивациска, и да биде поврзана со трчањето, мотивацијата, спортот, емоциите или Виз Ер Скопски Маратон.
Видеото не смее да содржи навредлива, вулгарна, заканувачка или дискриминаторска содржина.
Не е дозволена содржина со политичка, верска или расна конотација, како и содржина која може да предизвика навреда или вознемирување.
Видеото не смее да содржи рекламни или промотивни пораки за други компании, производи или услуги, освен доколку тоа е дел од официјално одобрената содржина на кампањата.
Организаторот на кампањата, Виз Ер Скопски Маратон – Сојуз на спортови, го задржува правото да не објави или прикаже видео кое не ги исполнува наведените услови.
Со испраќањето на видеото, учесникот дава согласност видеото да биде прегледано, обработено, по потреба технички прилагодено и прикажано на LED дисплејот за време на Виз Ер Скопски Маратон.
Учесникот се согласува видео пораката да може да биде користена за комуникација и промоција на кампањата и Виз Ер Скопски Маратон, вклучително и преку официјалните дигитални и комуникациски канали на маратонот.
Со испраќањето на видеото, учесникот потврдува дека има право да ја испрати доставената содржина и дека со нејзиното испраќање не се повредуваат права на трети лица.
Видео пораките може да се испраќаат до 25 септември 2026 година.
Сними 7 секунди. Сподели ја емоцијата. Биди дел од Виз Ер Скопски Маратон!
