Конкурс за најдобар транспарент од Виз Eр Скопски маратон 2018

Categories: Events,Новости

И оваа година организираме конкурс за најдобар транспарент (натпис) од нашиот
маратон. Да ја видиме креативноста и бројноста на нашите навивачи на дело
Правилата се следни:
1. Пријавувањето на фотографиите на кои се гледа транспарентот (натписот) започнува
на 6 мај во 8.30 часот а завршува на 8 мај во 23:59  часот.
2. Секој учесник во конкурсот има право да пријави максимум 2 транспарента
(натписа). Се оценува идејата и изведбата на транспарентот (натписот), не се оценува
уметничкиот квалитет на фотографијата. Сепак ве охрабруваме да ни испратите што
подобри фотографии
3. Транспарантите (натписите) се пријавуваат со испраќање на фотографија на
maratontransparent2018@gmail.com (ве молиме да наведете име и презиме на авторот/
авторката).
Испратени фотографии по емаил треба да бидат во JPG и да не се поголеми од 3 MB.
4. Сите пристигнати транспаренти (натписи) ќе влезат во избор. Трудовите кои жири
комисијата ќе процени дека не се во согласност со Виз Ер Скопски маратон нема да
бидат земени предвид во изборот.
5. Транспарентите (натписите) мора да бидат исклучиво лично дело и не смеат да
бидат преземени од други автори. Организаторот на конкурсот може да побара
дополнителни фотографии или приложување на транспарентот (натписот) како доказ
за авторството.
6. Со пријавување на транспарентот (натписот) се согласувате организаторот (Виз Ер
Скопски маратон) да ја користи фотографијата од делото единствено за промоција на
Виз Ер Скопскиот маратон, со задолжителна референца за авторот на делото. Виз Ер
Скопски маратон не подлежи на никаква финансиска или друг вид компензација за
печатење или јавно прикажување на делото.
7. Жири комисијата го задржува правото да побара оригинална фотографија доколку се
сомнева во веродостојноста на истата.
8. Жири комисијата ќе направи поширок избор од пристигнатите трудови во периодот
од 10 до 12 мај.
9. На 14 мај ќе биде објавен албум со фотографии што влегле во финалнииот избор за
најдобра транспарент (натпис), а наградените дела и автори ќе бидат претставени на 15
мај 2018 година.
10. Најдобрите 3 транспаренти (натписи) според стручното жири на Виз Ер Скопски
маратон ќе бидат наградени со следниве награди:
1 место – Wizz Air авио билет во вредност од 250 ЕУР + 4000 денари вредносен ваучер од РиСпорт + 3000 денари
2 место – 3000 денари вредносен ваучер од РиСпорт + 2000 денари
3 место – 2000 денари вредносен ваучер од РиСпорт + 1000 денари
Сите финалисти добиваат сертификат.
Ги очекуваме вашите навивачки транспаренти!