Штафетен маратон – ЕУ за спорт

Categories: Events,Новости

Штафетниот маратон – ЕУ за спорт е трка на 42.195 метри, поделена во четири измени кои ги трчаат четири натпреварувачи.
Распоредот на трчање е по следнов редослед: 12км – 9 км – 12км – 9 км. Штафетните тимови можат да бидат сите од исти пол или може да бидат и мешани, на пример 2 машки и 2 женски.

Рангирањето на тимовите ќе биде во три категории, мажи, жени и мешани тимови.

Секој учесник во штафетата добива свој стартен број со дополнителна ознака (1, 2, 3 или 4) што го означува редоследот по кој треба да се изменат натпреварувачите на местото означено за промена на штафетата.

Штафетата е стартен број со чип кој е закачен на појас за трчање (го добивате во стартниот пакет) и овој број со чип го носи првиот тркач и потоа на измената го предава на вториот тркач од тимот и така натаму. Позицијата на сите три измени е во центарот на Скопје, односно во делот од Гимназијата “Јосип Броз Тито“ до автобуската постојка Рекорд и обратно (дополнително ќе биде прикажано на мапа).

И не заборавајте, на финишот ве чекаат четири уникатни медали за секого од вас, а кога ќе се спојат сите четири медали добивате една целина, како што е и вашиот тим.

Од 28 март започнуваат групни тренизни како подготовка за Штафетниот маратон – ЕУ за спорт. Учеството на тренинзите е бесплатно, и првите 100 тркачи кои ќе се пријават да ги посетуваат овие тренинзи ќе добијат подарок маица. Услов за да ја добиете оваа маица ќе биде да сте редовни на првите тренинзи или да сте веќе пријавени за Штафетниот маратон –ЕУ за спорт. Доколку сакате да бидете дел од овие тренинзи ве молиме пополнете ја оваа пријава
https://goo.gl/hZ8Yxr


Тренизните ќе ги водат наши познати и искусни атлетичари и тренери Сашо Даневски, Кокан Ајановски и Весна Кираџиева. Тренинзите ќе се одвиваат на неколку локации на кејот на реката Вардар, во временски период од максимум еден час,  и тоа во следните денови и термини:

– понеделник, во 18.00 часот, локација кеј на Вардар – мостот кај Холидеј Ин, (збирно место Fitness Challenge клуб, Маџир Мало https://www.facebook.com/FitnessChallengeMK/  во 17.50 часот);

– четврток, во 18.00 часот, локација кеј на Вардар – мост Близнак во населба Аеродром, (збирно место под мостот во 17.50 часот);

– петок, локација кеј на Вардар – кај Парк Хотел и Спа, тренингот започнува во 18.00 часот, (збирно место на кеј на Вардар, на скалите кај Академија Вардар, пред Фитнес Парк во 17.50 часот).

На тренинзите покрај физичка подготовка како да се спремите за трката, ќе добиете и совети како ќе се врши измената, на што треба да внимавате за време на трката и слично. Исто така доколку ви недостасува тркач-ка за да го составите вашиот тим, можеби токму на овие тренизни ќе го  пополните празното место и ќе составите тим.

И не заборавајте да се пријавите за Штафетниот Маратон – ЕУ за спорт на овој линк, пријавувањето трае до 22 април
http://skopskimaraton.com.mk/stafetenmaraton

#ТренирамеЗаШтафета #ТренирајСоНас #ЕУзаСпорт