Трчајте на 24-от Подгорички маратон во Црна Гора

Categories: Events,Вести,Новости

Logo2017Оваа година повторно организаторите на Подгорички маратон (Црна Гора) обезбедуваат бесплатен авотбуски превоз на релација Скопје – Подгорица – Скопје за македонските натпреварувачи кои ќе се пријават за учество во маратонската или полумаратонската трка.  Подгоричкиот маратон ќе се одржи на 29 октомври. Сите заинтересирани за бесплатен автобуски превоз за 24-от Подгорички маратон треба да се пријават и да ја уплатат котизацијата за учество најдоцна до 20 октомври преку www.smartrace.club
Котизацијата изнесува 700 денари и вклучува стандарден пакет за трка (маратон или полумаратон). Доколку сакате да користите бесплатен автобуски превоз на релација Скопје – Подгорица – Скопје оваа опција мора да ја одберете при процесот на регистрацијата преку www.smartrace.club

За сите заинтересирани ноќта пред маратонот организаторот обезбедува и бесплатно преноќување (во училишна сала), доколку сакате да ја искористите оваа можност при пријавување треба да ја одберете опцијата за ова бесплатно преноќување. После маратонот сите учесници имаат обезбедено и бесплатен ручек (ланч пакет) од организаторите на Подгорички маратон. Тргнувањето од Скопје е планирано за 28 октомври во утринските часови (се патува преку Косово и Албанија), а враќањето од Подгорица на 29 октомври во попладневните часови.

Бројот на местата за бесплатен автобуски превоз е ограничен, затоа не го чекајте последниот ден за пријавување.

Веб страна на Подгорички маратон www.maraton.co.me

За сите дополнителни информации обратете се на info@skopskimaraton.com.mk

Листата на пријавени учесници: