Трчајте на 23-от Подгорички маратон во Црна Гора

Categories: Events,Вести,Новости

maraton2016-mlogoВо соработка со Подгорички маратон, кој ќе се одржи на 30 октомври, Виз Ер Скопски маратон и оваа година организира бесплатен автобуски превоз за македонските натпреварувачи кои ќе се пријават за учество во маратонската или полумаратонската трка. Сите заинтересирани за бесплатен автобуски превоз за 23-от Подгорички маратон треба да се пријават и да ја уплатат котизацијата за учество најдоцна до 21 октомври преку www.smartrace.club
Котизацијата изнесува 700 денари и вклучува стандарден пакет за трка (маратон или полумаратон). Доколку сакате да користите бесплатен автобуски превоз на релација Скопје – Подгорица – Скопје оваа опција мора да ја одберете при процесот на регистрацијата преку www.smartrace.club

За сите заинтересирани ноќта пред маратонот организаторот обезбедува е бесплатно преноќување (во училишна сала), доколку сакате да ја искористите оваа можност при пријавување треба да ја одберете опцијата за ова бесплатно преноќување. После маратонот сите учесници имаат обезбедено и бесплатен ручек (ланч пакет) од организаторите на Подгорички маратон. Тргнувањето од Скопје е планирано за 29 октомври во утринските часови (се патува преку Косово и Албанија), а враќањето од Подгорица на 30 октомври во попладневните часови.

Бројот на местата за бесплатен автобуски превоз е ограничен, затоа не го чекајте последниот ден за пријавување.

Веб страна на Подгорички маратон www.maraton.co.me

За сите дополнителни информации обратете се на info@skopskimaraton.com.mk

Листата на пријавени учесници: