Трчајте на 22-от Подгорички маратон во Црна Гора!

Categories: Events,Вести

maraton2016Во соработка со Подгорички маратон, кој ќе се одржи на 25 октомври, Виз Ер Скопски маратон и оваа година организира бесплатен автобуски превоз за македонските натпреварувачи кои ќе се пријават за учество во маратонската или полумаратонската трка. Сите заинтересирани за бесплатен автобуски превоз за 22-от Подгорички маратон треба да испратат пријава најдоцна до 19 октомври на info@skopskimaraton.com.mk

 

Пријавата треба да ги содржи следниве информации:
– име и презиме,
– година на раѓање,
– трка (маратон или полумаратон),
– контакт телефон,
– емаил
– број на пасош
– дали ќе користите преноќување во училишна сала, да или не
Секој учесник мора и самостојно да се пријави за учество за трката (откако ќе ви го потврдиме местото во автобусот) на  следниов линк
http://www.maraton.co.me/prijava/prijava1.php

Откако ќе ви потврдиме на емаил дека има слободно место во автобусот, потоа во рок од 3 дена треба да ја платите котизацијата за трката во износ од 650 ден, за да го потврдите вашето место во спротивно нема да се најдете на списокот на патници.

Уплатата извршете ја на следнава жиро сметка:
примател: Сојуз на спортови на Скопје – Скопски Маратон
жиро сметка: 300000003225674
банка: Комерцијална Банка – АД Скопје
износ: 650 ден.
цел на дознака: Име и презиме, Подгорица 2015
После извршената уплата испратете копија од уплатата на info@skopskimaraton.com.mk

За сите заинтересирани ноќта пред маратонот обезбедено е бесплатно преноќување (во училишна сала), а после маратонот сите учесници имаат обезбедено и бесплатен ручек (ланч пакет) од организаторите на Подгорички маратон. Тргнувањето од Скопје е планирано за 24 октомври во утринските часови, а враќањето од Подгорица на 25 октомври во попладневните часови.

Бројот на местата е ограничен, затоа не го чекајте последниот ден за пријавување.

Веб страна на маратонот www.maraton.co.me