Трчајте на 21-от Подгорички маратон во Црна Гора!

Categories: Events,Вести

podgorica2013Во соработка со Подгорички маратон кој ќе се одржи на 26 октомври, Виз Ер Скопски маратон организира бесплатен автобуски превоз за македонските натпреварувачи кои ќе се пријават за учество во маратонската и полумаратонската трка. Котизацијата за учество во маратонската трка изнесува 5 ЕУР, додека за полумаратон котизацијата е 10 ЕУР. За сите пријавени ноќта пред маратонот обезбедено е бесплатно преспивање (во касарна или училишна сала), а после маратонот сите учесници имаат обезбедено и бесплатен ручек (ланч пакет) од организаторите на Подгорички маратон. Сите заинтересирани за бесплатен автобуски превоз за 21-от Подгорички маратон да испратат пријава најдоцна до 17 октомври на info@skopskimaraton.com.mk, бројот на местата е ограничен.

Пријавата треба да ги содржи следниве информации: име и презиме, година на раѓање, трка (маратон или полумаратон), контакт телефон, емаил и број на пасош.
Секој учесник мора и самостојно да се пријави за учество на некоја од трките на следниов линк
http://www.maraton.co.me/prijava/prijava1.php

Важно! Бројот на места за патување е пополнет. Доколку некој од пријавените од било кои причини не може да патува ги молиме да не известат благовремено на емаил, бидејќи има голем натпреварувачи кои се на листа на чекање.

Список на пријавени за автобуски превоз за Подгорички маратон