Конкурс за најдобра фотографија од Скопски маратон 2013

Categories: Events,Новости

foto-konkurs-baner-720x-340

Годинава за прв пат организираме конкурс за најдобра фотографија од нашиот маратон.

Правилата се следни:

1. Пријавувањето на фотографии започнува на 12 мај во 8.30 часот а завршува на 14 мај во 12 часот.

2. Секој учесник во конкурсот има право да пријави максимум 2 фотографии

3. Фотографиите се пријавуваат со објавување на истите преку апликацијата Инстаграм и Твитер со задолжително користење на тагот #skma2013photo во описот на фотографијата или со испраќање на дигиталната фотографија на емаил photo@skopskimaraton.com.mk
Фотографиите испратени по емаил треба да бидат во фајл JPG и да не се поголеми од 2 MB.

4. Сите пристигнати фотографии ќе влезат избор. Фотографиите кои жири комисијата во состав: Кире Синадиновски, директор на Скопски маратон, Небојша Гелевски, графички дизајнер, Владимир Секуловски, фотограф, КМФ на Македонија, ќе процени дека не се во согласност со Скопскиот маратон нема да бидат земени предвид во изборот.

5. Фотографиите мора да бидат исклучиво лично дело и не смеат да бидат преземени од други автори или од интернет.

6. Со пријавување на фотографијата се согласувате организаторот (Скопски маратон) да ја користи истата единствено за промоција на Скопскиот маратон, со задолжителна референца за авторот на фотографијата. Скопски маратон не подлежи на никаква финансиска или друг вид компензација за печатење или јавно прикажување на истата.

7. Жири комисијата го задржува правото да побара оригинална фотографија доколку се сомнева во веродостојноста на истата.

8. Жири комисијата ќе направи поширок избор на фотографии во периодот од 14 до 16 мај.

9. На 17 мај на Facebook фан страницата на Скопски маратон https://www.facebook.com/skopskimaraton ќе биде објавен албум со финално избраните фотографии, а наградените фотографии ќе бидат претставени на 19 мај 2013 година.

10. Најдобрите 3 фотографии според стручното жири на Скопски маратон ќе бидат наградени со следниве награди:

1-во место – повратен авионски билет од Wizz Air (дестинација по ибор од летовите од Скопје)

2-ро место – ваучер од Nike во вредност од 4.000 ден.

3-то место – 10 книги од издавачката куќа Темплум во вредност од 3000 ден.

Ги очекуваме вашите фотографии 🙂

Спонзорирано до:

wizz   wizz wizz