Конкурс за најдобра фотографија од Виз Eр Скопски маратон 2017

Categories: Events,Вести,Новости

Конкурс за најдобра фотографија од Виз Eр Скопски маратон 2017

 

По успешните фото конкурси во изминатите години продолжуваме со конкурсот за најдобра фотографија од нашиот маратон и оваа година.

Правилата се следни:

1. Пријавувањето на фотографии започнува на 8 мај во 8.30 часот а завршува на 10 мај

во 12 часот.

2. Секој учесник во конкурсот има право да пријави максимум 2 фотографии

3. Фотографиите се пријавуваат со испраќање на фотографија на

maratonfoto2017@gmail.com (ве молиме да наведете име и презиме на авторот/

авторката)

Испратени фотографии по емаил треба да бидат во JPG и да не се поголеми од 3 MB.

4. Сите пристигнати фотографии ќе влезат избор. Фотографиите кои жири комисијата

во состав: Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон, Небојша Гелевски,

графички дизајнер, Владимир Секуловски, фотограф, КМФ на Македонија, ќе процени

дека не се во согласност со Виз Ер Скопски маратон нема да бидат земени предвид во

изборот.

5. Фотографиите мора да бидат исклучиво лично дело и не смеат да бидат преземени

од други автори или од интернет.

6. Со пријавување на фотографијата се согласувате организаторот (Виз Ер Скопски

маратон) да ја користи истата единствено за промоција на Виз Ер Скопски маратон, со

задолжителна референца за авторот на фотографијата. Виз Ер Скопски маратон не подлежи на

никаква финансиска или друг вид компензација за печатење или јавно прикажување на

истата.

7. Жири комисијата го задржува правото да побара оригинална фотографија доколку се

сомнева во веродостојноста на истата.

8. Жири комисијата ќе направи поширок избор на фотографии во периодот од 12 до 14

мај.

9. На 16 мај ќе биде објавен албум со фотографии што влегле во финалнииот избор за

најдобра фотографија, а наградените фотографии ќе бидат претставени на 17 мај 2017

година.

10. Најдобрите 3 фотографии според стручното жири на Виз Ер Скопски маратон ќе бидат

наградени со следниве награди:

1 место – Wizz Air авио билет во вредност од 250 ЕУР + 3000 денари

2 место – 2000 денари вредносен ваучер од Скечерс  + 2000 денари

3 место – 1000 денари вредносен ваучер од Скечерс 1000 денари

Сите финалисти добиваат сертификат.

Ги очекуваме вашите фотографии 🙂