Боби Величков: Безгранична и извонредна храброст

Categories: Events,Вести

Покорувањето на планини е полесно од покорувањето на себеси. Во животот секојдневно сме сведоци на луѓе кои наоѓаат сила и енергија да постигнат повеќе отколку што некој од нас има сонувано. Боби Величков го надминува тоа и со целата храброст која може да ја поседува еден човек, повеќе од еден човек, веќе 6 години со парализа под половините учествува на Виз Ер Скопскиот маратон.

bobi3

Величков на 36 години си ја повредил половината и веќе 33 години е во инвалидска количка, никогаш не предавајќи се на својот хендикеп секоја година вежба на кејот на реката Вардар во Скопје. Боби се труди секојдневно да се грижи за своето здравје затоа што поради недоволна опременост и разни други пречки има проблеми со мускулите и зглобовите. Во Македонија има луѓе кои секојдневно се соочуваат со истите предизвици. Боби вели дека не смее да се подлегне на притисокот и дека затоа се труди да ги охрабри сите да вежбаат и тренираат. Редовното спортување на Боби му помага да ги надмине предизвиците кои му ги носи животот. Тој вели дека луѓето како него мора да се прилагодат и дека не смеат да се опуштат затоа што така полесно ќе им бидат покорени духот и телото.

Bobi1

Боби Величков започнал со натпреварување на Виз Ер Скопскиот маратон во 2012 година на трката на 5 км. Неговиот син Славко не знаел дека Боби се приклучил на трката и се изненадил од неговата одлука. Подоцна во 2013, 2014 и во 2016 тој учествувал на полумаратонот (21км). Последните неколку трки Славко трча со татко му. Тој вели дека на почетокот мислел дека му помага на Боби, но дека евентуално сфатил дека татко му е тој што му помага на него, човекот кој му ја дава храброста и енергијата да постигне што е можно повеќе во животот.

bobi4

Боби Величков со неговите 69 години е единствениот параплегичар кој со години учествува на Виз Ер Скопскиот маратон. Боби е херојот на годината чија пожртвуваност и посветеност повикува на надминување на себеси.

Денот кога се одржува Виз Ер Скопскиот маратон е преполн со живот, забава и натпревар, но и несекојдневни херои кои ја рушат перцепцијата на конвенционалноста.