АИМС ги објави кандидатите за најдобар маратонец/маратонка за 2014

Categories: Events,Вести

Асоцијацијата на маратонски и улични трки (АИМС) денес ги објави кандидатите за наградата АИМС најдобар маратонец/ка за 2014 година. Победниците ќе бидат објавени и наградени на Гала свеченост во Атина на 7 ноември.
АИМС одлучи оваа година кај мажите да има единствен кандидат, според нас и заслужено, а тоа е Денис Кимето (Кенија) кој во септември оваа година на BMW Berlin Marathon го собори светскиот рекорд со време од 2:02:57, и кој во октомври 2013 победи на Bank of America Chicago Marathon со време од 2:03:45.

2014-10-Dennis-Kimetto-BMR2014.10-AIMS-BMR-logo
АИМС даде образложение зашто има номинирано само еден кандидат кај мажите за оваа година, се смета периодот од 1 октомври 2013 до 30 септември 2014. Во текот на овој период немаше други кандидати кои беа блиску до остварувањата на Денис Кимето. Немаше Олимписките игри или Светско првенство во овој период. Двете трки кои се спомнати погоре го направија Денис Кимето единствен кандидат пред Комитетот за номинација кој бара од членовите на АИМС само да го одобрат изборот со нивното гласање за наградата најдобар маратонец за 2014 година.

2014-10-Rita-Jeptoo-BMR2014-10-Kiplagat-Florence-BMRЗа наградата најдобра маратонка за 2014 година се кандидирани две маратонки за кои ќе гласаат членовите на АИМС. Прва кандидатка е Рита Џепто (Кенија) која победи на Bank of America Chicago Marathon (октомври 2013) со време од 2:19:57, и која победи на BAA Boston Marathon (април 2014) со време од 2:18:57. Во последните две години нема друга маратонка која има резултат под 2 ласа и 20 минути. Втора кандидатка е Флоренс Киплагат (Кенија) која беше второпласирана на Virgin Money London Marathon (април 2014) со резултат од 2:20:24, и која на полумаратонот eDreams Mitja Marató de Barcelona (февруари 2014) го постави новиот светски рекорд во полумаратон, 1:05:12.

За кандидатите ќе гласаат членките на АИМС, меѓу кои е и Виз Ер Скопски маратон, а победниците ќе бидат прогласени и наградени на АИМС Гала во Атина на 7 ноември 2014.