Известување за стартот на трките – ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН 2026

Categories: Events,Вести,Новости

На 4 октомври 2026 година ќе се одржи 22. издание на најголемиот спортски настан во нашата земја, Виз Ер Скопски маратон..

Тркачите учесници во маратонската, полумаратонската и штафетната трка „ЕУ за спорт“ ќе стартуваат од пешачкиот премин кај Рекорд на улицата “Димитрие Чуповски„ во центарот на градот,  во 08:05 часот и ќе се движат по патеката во насока кон Хром.

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ:
Локацијата за стартот на трката Комерцијална Банка 5K  е во близина на Црвениот Крст на РМ (кај семафорите),  стартот ќе биде во 08:00 часот,  а тркачите ќе се движат во насока кон Аеродром.

Финишот за сите трки останува на добро познатото место – Плоштад Македонија, во непосредна близина на Порта Македонија, каде што учесниците ќе ја завршат својата тркачка авантура пред бројната публика.