Ви ги представуваме медалите за 2025 година

Categories: Events,Вести,Новости

Со огромно задоволство ви го претставуваме дизајнот на медалите за 21. издание на Виз Ер Скопски маратон кое ќе се одржи на 5 октомври 2025 година.

Медалот е повеќе од сувенир, тој е симбол на трудот, истрајноста и личната победа на секој учесник кој ќе ја помине целната линија. Затоа и оваа година внимателно се посветивме на неговиот изглед, за да ја носи енергијата и духот на најголемиот спортски настан во Македонија.

Дизајнот на медалот за 2025 година е инспириран од идејата дека „Трчањето ќе те промени“, слоган кој е веќе препознатлив дел од маратонот. Во него се преплетуваат современи линии и симболи кои ја претставуваат динамиката на движењето, но и убавината на Скопје – градот домаќин на овој спортски празник.

Секој што успешно ќе ја финишира трката на 5 октомври, ќе добие ваков медал, заслужен симбол за победата над себе и потсетник дека трчал низ улиците на Скопје.

Веруваме дека овој медал ќе биде вредно потсетување за сите учесници, не само на трката, туку и на патувањето кое започнува со првиот чекор на патеката и завршува со чувство на гордост и исполнетост на целта.

 

Ова се медалите што ќе ги добијат учесниците на маратонската и полумаратонската трка.

 

Ова е медалот за штафетниот маратон ЕУ за Спорт, трка која е дел од Виз Ер Скопски маратон. Секој член на штафетниот тим добива еден дел од медалот.