Променет режим на сообраќај на 1 октомври 2023

Categories: Events,Вести,Новости

На 1 Октомври (недела) ќе се одржи Виз Ер Скопски Маратон и во периодот од 04.00 часот до 15.00 часот низ скопските улици ќе има привремен режим на сообраќај. Ве молиме даги почитувае поставените сообраќајни знаци и да ги користите алтернативните решенија за сообраќај.

Затворени за сообрачај ќе бидат следниве улици, Димитрие Чуповски, дел од булеварот Климент Охридски, ул. Свети Кирил и Методиј, ул. Метрополит Теодосиј Гологанов, улицата Васил Чакаларов, улицата 11.Октомври, дел од бул. Крушевска Република, улица Есенинова, улица Трета Македонска Бригада, булевар Србија (десната коловозна лента од семафорите со раскрсницата бул.Јане Сандански до семафорите кај Крстот), дел од булеварот Јане Сандански (едната коловозна лента од семафорите кај Мајчин Дом до семафорите со булевар Србија).