Започнува пријавувањето за 18-от Виз Ер Скопски маратон, 2 октомври 2022

Categories: Events,Вести,Новости

Виз Ер Скопски маратон, за своето 18то издание, кое ќе се оддржи на 02.10.2022 (недела), веќе ги отвора вратите за пријавување на сите љубители на трчањето.

Со сменетиот датум што веќе неколку години се оддржува во месец октомври, Виз Ер Скопски маратон е претпознатлив не само за тркачите од земјата, регионот и од целиот свет, туку и за сите Скопјани, кои уживаат да ја негуваат маратонски долгата традиција на секое издание на маратонот со споделување на прекрасна енергија низ улиците на Скопје, и со дружба од рано наутро па сѐ до завршување на манифестацијата.

За трката, којашто со години важи за број еден во нашата земја, пријавувањето ќе започне во петок (25.02.2022) и истото ќе може да се направи на официјалната страна на Виз Ер Скопски маратон http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/. Маратонот, полумаратонот, штафетната маратон трка – ЕУ со тебе и 5км трка, кои веќе со години се дел од самата манифестација и оваа година ќе го заземат своето место во склоп на овој спортски настан.

Организатор на Виз Ер Скопски маратон е Сојузот на спортови на Скопје во соработка со АК Работнички.

„Новитетот за оваа година е покрај стандардниот стартен пакет, тркачите да можат да одберат и стартен пакет со можност за рефундација. Овој пакет го воведовме најмногу поради ситуацијата со пандемијата и честите непредвидени околности, со цел сите натпреварувачи доколку го одберат тој пакет да имаат можност да им се рефундира 100% од уплатената цена. Оваа можност ќе важи само доколку до 10.09.2022 година се побара враќање на уплатените средства. Исто така до 30.08.2022 година тркачите ќе можат да ги променат своите пријави од најразлични причини, а секоја промена на пријавата по овој датум ќе се наплаќа,“- изјави Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски Маратон.

Секој учесник на Виз Ер Скопски маратон по завршување на настанот на својата емаил адреса ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер.“

#RunningWillChangeYou #ТрчањетоЌеТеПромени