Информација за учесниците на трката на 5км, истата се преместува од 2 на 3 октомври

Categories: Events,Вести,Новости

Ве известуваме дека заради подобра организација на целиот настан, направивме промена на трката на 5км која беше планирана за 2-ри октомври истата да се одржи на 3ти октомври заедно со другите трки – маратон, полумаратон и штафетен маратон.

Виз Ер Скопски Маратон 2021, традиционално со четирите трки, како и секоја година, така и оваа, ќе се одржи во недела. Стартот и целта на трката ќе бидат на платото пред главниот влез на Спортски центар Борис Трајковски, со што маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт ќе започнат во 8:00 часот, а трката на 5км ќе се трча со старт во 8:10 часот.

Доколку имате направено пријава за две трки (5км и некоја друга трка) испратете ни барање на info@skopskimaraton.com.mk за која трка сакате да ви биде рефундирана уплатата. Исто така доколку промената на датумот на трката не ви одговара испратете барање за рефундирање на уплатата.

Подигање на стартните пакети останува на претходно објавените датуми, 30 септември, 1 и 2 октомври од 12 до 19 часот на главниот влез во салата “Борис Трајковски“.