ВАЖНО! Нови правила за подигање на стартниот број на Виз Ер Скопски маратон 2021

Categories: Events,Вести,Новости

Драги натпреварувачи, учесници на Виз Ер Скопски Маратон,

Се надеваме дека сте во добро здравје и дека се подготвувате за трка. И оваа година, Виз Ер Скопскиот маратон ќе се одвива под посебни протоколи за заштита од Ковид – 19, а истовремено на сила се и новите владини одлуки, кои сме должни да ги спроведеме.
Мерките – дезинфекција на раце, одржување дистанца и носење маски ќе бидат задолжителни при подигање на стартните пакети, пред стартот на трката и по завршување на трката.

При подигнување на стартниот пакет, секој учесник на спортски настан на отворено, кој е на возраст над 18 години, мора да приложи на увид еден од следниве документи:
– сертификат/потврда за извршена имунизација од вирусот SARS-CoV-2, или
– сертификат/потврда за прележан КОВИД 19 во последните 45 дена, сметајки од денот на оздравувањето, или
– сертификат/потврда за негативен ПЦР ковид тест направен во последните 72 часа пред одржување на трката

БЕЗ ПРИЛОЖУВАЊЕ НА ВАКОВ ДОКУМЕНТ, НЕМА ДА БИДЕ ИЗДАДЕН СТАРТЕН БРОЈ И НЕМА ДА БИДЕ ДОЗВОЛЕНО УЧЕСТВО ВО ТРКАТА!

Подигање на стартните пакети ќе биде на 30 септември, 1 и 2 октомври од 12 до 19 часот на главниот влез во салата “Борис Трајковски“.

Доколку од горенаведените причини, не можете да настапите на трката, ви ги нудиме следните опции:
– префрлање на котизацијата за следната година, при што го добивате целосниот дигитален стартен пакет со сите попусти и ваучери од нашите спонзори за оваа година;
– префрлање во виртуелна трка 2021, при што го добивате целиот стартен пакет заедно со дигиталниот стартен пакет со сите попсути и ваучери од нашите спонзори за оваа година (виртуелната трка може да ја истрчате од 2 октомври до 15 октомври кога вам ви одговара)

Истото можете да го спроведете со логирање со вашиот профил на www.smartrace.club
Рокот за овие промени е 21-ви септември 2021.

Доколку имате дополнителни прашања, ве молиме да ни испратите е-маил на следнава адреса: info@skopskimaraton.com.mk