Започнува пријавувањето за 17-от Виз Ер Скопски Маратон 2021

Categories: Events,Вести,Новости

Виз Ер Скопски Маратон 2021 ќе се одржи на 2ри и 3ти октомври, а почнувајќи од денес, 29 јуни 2021 година, од 10:00 часот официјално започнува пријавувањето на учесниците, кое ќе биде отворено до 15 септември 2021 година, односно до пополнување на предвидениот број на учесници.
2ри октомври, оваа година ќе биде резервиран за трката на 5км, со старт од 17:00 часот, а во недела, на 3ти  октомври, од 8:00 часот наутро ќе се трчаат маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт.

Сите тркачи кои поради пандемијата, своите пријави за маратон и полумаратон од 2020 година ги префрлиле за 2021 година, преку електронска пошта во следните денови ќе добијат код за регистрација, за да може да ја искористат бесплатната котизација за настанот оваа година. Доколку некој биде спречен повторно да не учествува и оваа година, ова право ќе може да го искористи за маратонот во 2022 година.

Оние учесници кои биле пријавени за трката на 5КМ во 2020 година, која беше одложена, автоматски ќе се префрлат за оваа година со истиот стартен број кој го добиле и ќе добијат потврда на емаил во следните денови

Трката ќе биде организирана според безбедносните протоколи и препораки утврдени од Владата и Комисијата за заразни болести, со цел заштита на учесниците и организаторите.

Повеќе информации за пријавите на
http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/