16-то издание на Виз Ер Скопски маратон се одложува за 4 октомври 2020

Categories: Events,Вести,Новости

Иако подготовките на организацијата на маратонот со нашите покровители, партнери и спонзори траат во текот на целата година, иако Вие тркачите исто како и ние се спремате за вашата омилена трка, сепак некои работи не можеме да ги контролираме во одредени ситуации но веруваме дека на крај сите ќе излеземе победници и дека заеднички ќе ја пребродиме оваа ситуација. Заради влошувањето на ситуацијата со Корона вирусот, COVID-19, како нај нас така и во светот, и заради почитување на мерките кои ги превзема нашата Влада заедно со институциите и препораките од Светската здравствена организација, Сојузот на спортови на Скопје како организатор на Виз Ер Скопскиот маратон кој беше планиран за 10 мај 2020, донесе одлука трката да се одложи за 4 октомври 2020 година.

Сите пријави остануваат важечки и се префрлаат за новиот датум, а доколку некој од пријавените е спречен од било кои прчини да учествува на новиот датум, ќе им бидат понудени следниве опции:
– промена на постоечката регистрацијата на друго име за 4 октомври 2020 година
– откажување на регистрацијата за 2020 и добивање бесплатна регистрација за 2021 година
– откажување на регистрацијата за 2020 и учество на Виртуелна онлајн трка 2020

Сите овие опции ќе бидат можни да се реализираат со рок до 31 јули 2020 преку порталот за регистрација www.smartrace.club , деталите ќе бидат објаснети директно до секој учесник со испраќање на емаил порака во следните денови со конкретни упатства како да ја одберат посакуваната опција доколку не се во можност да учествуваат на 4 октомври 2020.

Пријавувањето останува отворено до 10 септември 2020 година.

На сите им посакуваме во овие моменти да останат здрави и да го чуваат своето здравје и според своите можности да ја одржуваат својата кондиција, и секако да се почитуваат препорките од надлежните институции.

#ТрчањетоЌеТеПромени