Пејсмејкери на Виз Ер Скопски маратон 2018

Categories: Events,Новости

Ви ги представуваме нашите пејсмејкери за 2018, тие ќе ви помогнат да стигнете до вашето посакувано време

Таргет време: 1:30, пејсер Марко Дачиќ (1613)

Марко Дачиќ. Доаѓа од Србија, а со атлетика се занимава веќе шест години и тренира во Омладински Атлетски Клуб – Белград. Како атлетичар, негови примарни дисциплини се 3000м. и 5000м., но вели дека го сака полумаратонот бидејќи специфична дисциплина и доколку сакате резултат, тогаш мора да сте 100% посветен во тоа. Негово најдобро лично постигнување на полумаратон е 1:14 истрчан на Белградски маратон пред две години. Има истрчано десетина полумаратони до сега, а ова ќе му биде прва трка на Виз Ер Скопски маратон, па вели дека едвај чека да дојде на трката, бидејќи за него ова е огромна чест да биде дел од толку голем спортски настан.

Таргет време: 1:45, пејсери Никола Јанев (1608) и Марко Ивановски (1592)

Марко Ивановски. Атлетичар на АК Вардар од 2001-та година. Повеќекратен првак на Македонија во младинска и јуниорска конкуренција (на стаза и крос-кантри), како и една во млади сениори (крос-кантри 2009). Најголем успех му е освоеното 3-то место на трката од 10км во рамките на Истанбул Маратон во 2014-та година, а како репрезентативец на Македонија има освоена екипна бронза на Балканското Првенство во крос-кантри во Дарица, Турција во 2014-та. До сега има истрчано 15 полумаратони, од кои два се на Виз Ер Скопски маратон и голем број интернационални, како во Виена, Барселона, Љубљана… Најдобро лично постигнување на полумаратон му е 1:17;03.

Таргет време: 2:00, пејсери Блаже Цоневски (1668) и Петар Георгиевски – Камиказа (1961)

Блаже Цоневски. Во нозете има неверојатна бројка од повеќе од 150 полумаратони и 15 маратони, со огромно интернационално искуство со настапи на трки по целиот свет. Најдобро лично постигнување на полумаратон му е 1:32, а на маратон 3:35. На Виз Ер Скопски маратон безмалку и да нема пропуштено да настапи, а лани го истрча и маратонот.

Петар Георгиевски а.к.а. Перо Камиказа. Најдобро лично постигнување на полумаратон му е 1:45 истрчан во Љубљана. Досега има истрчано повеќе од 40 полу маратони и два цели (Рим и Њујорк). На Виз Ер Скопски маратон има трчано на шест полумаратони. Можеби за вас повеќе познат како фронтмен на македонската поп-рок група “Меморија“.

Блаже и Перо се веќе искусна двојка кога станува збор за пејсмејкерство на овој ритам бидејќи на трката Skopje Run 10KM тие беа пејсмекери за ритам под 1 час (59:00). За 6 Мај најавуваат дека ќе им помогнат на сите што сакаат да ја минат магичната граница испод 2 часа.

 

Таргет време: 2:15, пејсери Немања Катаниќ (1618) и Марко Илиевски (1421)

Немања Катаниќ е атлетичар од соседна Србија. Тој ќе биде еден од пејсмејкерите кои ќе ве водат кон ритам за 2:15 на полумаратон. Со огромно трчачко искуство зад себе, може да очекувате точно време во секунда доколку го следите знамето со 2:15 на Немања. Најдобро лично постигнување на полумаратон му е 1:28. Тој има 57 полумаратони, 11 маратони и 5 ултармаратони зад себе. Официјално е вицешампион на Србија на 50км, а на Виз Ер Скопски маратон има искуство од 2011г. Минатата година беше пејсмејкер на таргет време од 1:45. Пејсмејкерско искуство има и од други трки, меѓу кои и неколку пати на Белградски маратон.

Марко Илиевски. На Скопски полумаратони има трчано од 2012 година, а оваа година ќе му биде седми пат да трча полумаратон. Личен рекорд на полумаратон му е 1:31:44. Со оглед на тоа дека досега има истрчано повеќе од триесет полумаратони, Марко има големо искуство на полумаратонската дисциплина и во друштво на Немања, ќе бидат одличен тандем кој ќе ве доведе до вашата цел од 2 часа и 15 минути.

 

Таргет време: 2:30, пејсери Славица Дамјанска – Цаци и Александар Смилков – Смиле

Славица Дамјанска – Цаци. Искусна рекреативна тркачка со најдобро лично постигнување на полумаратон од 2:02 и 5:07 на маратон. Досега има истрчано оклу 20 полумаратони и два маратони. И двата маратона ѝ се истрчани токму на Виз Ер Скопски маратон, а на Скопски има трчано и три полу маратони.

Александар Смилков – Смиле. Со 25 полумаратони  и 4 маратони можете да бидете сигурни дека ќе ве доведе безбедно до посакуваната цел. Воедно е и Гинисов рекордер во туркање автомобил од 2014 година, но и Half Iron Man со трката во Пула 2015 година. Најдобро лично постигнување на полумаратон му е 01:30:20 и 03:50:43 на маратон. Скопските улици ги познава одлично бидејќи на Виз Ер Скопски маратон трча од 2011.