АИМС ги прогласи најдобрите за 2015

Categories: Events,Вести

Во Атина, 3-та година по ред се одржа свечена Гала церемонија на која беа прогласени најдобрите маратонци-ки за 2015 година, и исто така беа доделени награди за животно дело, за зачувување на животната околина и за социјална одговорност.
PakoBina

Dibabanagrada
За најдобра маратонка во светот за 2015 година е прогласена Маре Дибаба од Етиопија, која оваа година се закити со златниот медал на Светското првенство во атлетика кое се одржа во Пекинг. Противкандидатка на Дибаба и беше Гледис Черобо од Кенија, победничка на Берлин маратон 2015.

KipcogeBina1
За најдобар маратонец во светот за 2015 година е прогласен Елиуд Кипчоге од Кенија кој оваа година триумфираше на Берлинскиот маратон со време од 2:04:00, што представува најдобро време за 2015 година. Противкандидат на Кипчоге му беше 19-годишниот Гирмаи Гебересиласие од Еритреа, светскиот првак од Пекинг 2015.
Најдобрите беа избрани со гласање на сите членки на АИМС, меѓу кои е и Виз Ер Скопскиот маратон кој беше представуван од директорот Кире Синадиновски.

Kire-Kipcoge    Kire-PacoKire-DibabaKire-Gladys