Виз Eр продолжува да се проширува во Македонија

Categories: Events,Вести

Трет авион во Скопје, 1 нов аеродром и 6 нови линии

Виз Ер, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, најави натамошно проширување во Македонија. Авиокомпанијата ќе распореди трет Ербас А320 авион во својата база во Скопје од 29 јуни додавајќи и 5 нови летови од македонскиот главен град до Фридрихшафен, Осло, Барселона, Хамбург и Нирнберг. Секоја од новите рути ќе има по два лета неделно. Новиот авион во базата во Скопје ќе им овозможи на Виз Ер, почнувајќи од 29 јуни, да се зголемат бројот на неделни летови на постојните дестинации од Скопје до Келн, Гетеборг, Франкфурт Хан, Малме, Милано Бергамо и Париз Бове. Виз Ер најави летови и од вториот аеродром во Македонија, Охрид, со што бројот на аеродроми во мрежата на Виз Ер ќе се зголеми на 110. Новата линија од Охрид до Базел ќе започне од 1 јули и ќе сообраќа два пати во неделата.
Виз Ер сега нуди вкупно 20 линии до 10 земји од Македонија.

image002

 

 

Нови летови на Виз Ер од Скопје:

 Дестинација Денови Започнува од
Фридрихшафен Понеделник, Петок 29 јуни
Осло Понеделник, Петок 29 јуни
Барселона Вторник, Сабота 30 јуни
Хамбург Среда, Недела 1 јули
Нирнберг Среда, Недела 1 јули

 

Нов лет на Виз Ер од Охрид до Базел:

Денови Започнува од
Среда, Недела 1 јули

 

Зголемување на бројот на летови на постоечките летови од Скопје:

Дестинација Неделни летови Започнува од
Малме Од 5 на 7 29 јуни
Гетеборг Од 3 на 4 29 јуни
Келн Од 2 на 3 30 јуни
Франкфурт Хан Од 2 на 3 30 јуни
Милано Бергамо Од 2 на 3 30 јуни
Парис Беавус Од 2 на 3 30 јуни

 

Џон Стивенсон, извршен потпретседател на Виз Ер, изјави: “Денешната најава е одлична вест за Македонија. Со зголемувањето на нашата флота во Скопје и додавањето на Охрид во нашата мрежа, создаваме повеќе можности за патување и поголем избор на дестинации. Се надеваме дека ова ќе резултира со создавање повеќе работни места на локално ниво, како и уште повеќе да го поттикне туризмот во земјата. Очекуваме дека шестте нови рути и зголемениот капацитет на постоечките ќе биде широкоградо прифатено од корисниците ако се знае дека овозможуваме уште нискотарифни летови во Македонија”