Подигање на стартни пакети за Женската трка

Categories: Events,Вести

Денес започнува подигањето на стартните пакети за Женската трка која ќе се одржи во недела (6 април) со почеток во 10.30 часот. Стартните пакети се подигаат во просториите на Сојузот на спортови на Скопје, денес од 10 до 18 часот, и утре (сабота) од 10 до 13 часот. Секоја учесничка при подигање на стартниот пакет ќе добие бесплатно патничко осигурување за 8 дена од нашиот спонзор Евроинс и едно шишенце Горска спорт Л- Карнитин, официјален пијалок на Женската трка.

Мапа каде се наоѓа Сојуз на спортови на Скопје
mapa-sojuz