Вилсон Кипсанг со уште едно признание од АИМС

Categories: Events,Вести,Новости

Асоцијацијата на меѓународни маратони и улични трки (АИМС) со задоволство објави дека на Кенисјкиот атлетичар Вилсон Кипсанг му е доделенда AIMS World Record Award како признание за поставување на светскиот рекорд во маратон со време од 2:03:23, резултат постигнат на BMW Berlin Marathon во септември 2013 година.
2014 RAK Half MarathonДенес (13 февруари 2014) во Расл Ал Каиман, Обединети Арапски Емирати, на Вилсон му беше доделено признанието на свечената промоција на РАК полумаратонот кој ќе се одржи утре, каде што Вилсон е специјален гостин. Признанието му беше доделено од страна на Натан Клејтон, директор на РАК полумаратонот и Континетален АИМС ПР менаџер  за Азија.
31-годишниот Кипсанг на 29 септември 2013 година го собори светскиот рекорд на маратонот во Берлин за 15 секуннди подобро време од претходниот рекорд кој беше во сопственост на неговиот сонародник Патрик Макау, поставен исто во Берлин во 2011 година.
Времето на Вилсон од 2:03:23 беше официјално признато како светски рекорд од страна на ИААФ (Меѓународна асоцијација на атлетските федерации) и од АИМС, организација која ја представуваат повеќе од 350 трки од 103 земји од целиот свет и која прва ги постави критериумите за признавање на светски рекорд во маратон на пат кои потоа беа усвоени и од страна на ИААФ.
АИМС ги наградува атлетичарите кои соборуваат светски рекорд уште од 1985-та година. Ова е второ признание од АИМС за Вилсон, бидејќи во 2013 година беше награден од АИМС и за најдобар маратонец во светот за 2013 година, на гала свеченоста која се одржа во склоп на Атинскиот маратон минатата година. Вилсон во 2013 година победи и на полумаратонот во Њујорк.

“Јас сум воодушевен што имам можност оваа награда да му ја доделам на Вилсон во оваа пригода пред одржувањето на РАК полумаратонот, каде Вилсон го има поставено својот личен рекорд во полумаратон. Ние сме почестени што АИМС го избра нашиот настан да биде домаќин на оваа престижна церемонија“, изјави Натан Клејтон директорот на РАК полумаратонот.

Претседателот на АИМС, Пако Борао изјави: “Ние сме среќни што му го доделуваме ова признание во име на 350 АИМС членки од 103 земји од светот. Вилсон е одличен спортист и задоволство ни е што со ова признание го наградуваме неговото постигнување“.

Вилсон Кипсанг додаде:“Ова е голема чест да бидеш награден од АИМС и неговите членки од целиот свет со ваква награда. Јас би сакал да им се заблагодарам на АИМС и нивните спонзори за доделувањето на оваа награда“