Кратко интервју со Александар Кираџиев

Categories: Events,Вести

Александар Кираџиев одговри на неколку прашања пред престојниот Скопски маратон кој ќе се одржи на 12 мај, на кој најави деби настап во најтешката атлетска дисциплина пред домашната публика.

За досегашните искуства на Скопски маратон…
А.Кираџиев: На Скопски маратон настапувам веќе 7 години во низа, односно откако е реафирмиран Скопски маратон – 2007-ма. Најпрво започнав со најкратката дистанца, онаа на 5 000м, за подоцна да се префрлам на вистинскиот предизвик, односно полумаратонската дисциплина. Најголем успех за мене на Скопскиот маратон беше во 2011-та, кога завршив како второпласиран во апсолутен пласман, во трката на 21,097м.

Александар КираџиевЗа очекувањата на овогодинешната трка…
А.Кираџиев: На овогодинешниот Скопски маратон очекувам да се случи најголемиот спортски празник во државата, да бидат надминати сите рекорди, почнувајќи од бројот на натпреварувачи, преку публика низ улиците на Скопје, па до лични и рекорди на патеката.
Оваа година решив да прејдам на предизвикот кој ми остана во палетата дисциплини, односно целиот маратон (42км). Ова ќе бидат мои први официјално истрчани 42км, но не го сметам и за мој дебитантски маратон.
Целам на дебитантски маратон под 2часа 30мин. На Скопски маратон засега тоа за мене е невозможно. Големата слика за мене е во блиска иднина да застанам на највисокиот пиедестал во маратонската дисциплина, на домашниот маратон, пред домашна публика, пред луѓето кои ме подржуваат, пред луѓето кои ги мотивирам и ме мотивираат, во градот во кој се родив и израснав.

Совет…
А.Кираџиев: Сите оние кои ќе настапат на Скопски маратон би ги посоветувал да се спремат помалку или повеќе, бидејќи ги очекува вистински предизвик.
Оние кои сеуште се двоумат дали да настапат, им препорачувам да бидат одлучни и да ја доживеат магијата на трките низ улиците на големите градови, кога е ретка прилика да се продефилира низ затворени улици и да се биде во центарот на вниманието.
На оние кои сеуште мислат дека 9 часот е рано за да станат и излезат низ улиците, да го дадат својот глас, ги замолувам да го направат тоа за нас тркачите, зашто таквата подршка е бесценета за секој од нас. Ме подржувале секакви странци и незнајници на трките низ странските градови, зошто тоа да не го доживеам низ улиците кои секојдневно ги минувам?