Скопски маратон жали за загинатите на Бостонски маратон

Ознаки: ,

Categories: Events,Вести

Победникот на Бостон маратон 2013Сојузот на спортови на Скопје – Скопски маратон  сочувствува со трагедијата на колегите од Бостонски маратон. Вистинска трагедија за САД која треба да се осуди од страна на спортистите и Маратоните од целиот свет.

„Маратоните како спортски манифестации не се настани за насилство и терористички напади. Апелираме да се преземат сите мерки во светот да спортските натпревари бидат безбедни за спортистите и љубителите на спортот. Ние се сочувствуваме со фамилиите на жртвите и до организаторите на Бостонскиот маратон.“ изјавија од Сојузот на спортови на Скопје.

Го осудуваме чинот и се надеваме дека сторителите ќе ја почуствуваат сета тежина на правдата. Светските маратони не се место за напади туку преку спортот испраќаат порака за здрав начин на живот, мир, пријателство и позитивна енергија до граѓаните.