Zenska-trka+Avicena-logo-za

 Скопје, 9 април 2017, 10.00 часот


Пријави се! Листа на пријавени учеснички Резултати 2016 Фото галерија од 2016

Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје како дел од промотивните трки на Виз Eр Скопски Маратон 2017, на 9 април ќе се одржи 5-тата АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА.

Низ изминатите години успеавме бројот на натпреварувачки да го зголемиме и оваа година очекуваме преку 1.000 натпреварувачки да учествуваат во најпозитивната трка во Скопје. Авицена Женската трка е влезена во календарот на Европската Атлетска Асоцијација.

Пропозиции за Авицена Женска трка:
Дата на одржување: 9 април 2017 – недела
Место: – Градски парк - кај Школка
Почеток: 10.00- Аеробик
Старт: 10.30 – Трчање на 2.000 метри (1 круг во парк)
Линк за пријавување: www.smartrace.club
Право на учество: Припаднички на женскиот пол без возрасно ограничување
Рок за пријавување: најдоцна до 6 април
Награди: за првите 3 во неколку старосни категории ќе бидат доделени медали и дипломи за 1,2 и 3 место. Награди ќе се делат по следниве категории:
- до 12 години
- до 14 години
- до 18 години
- до 30 години
- до 40 години
- до 50 години
- 50+ години
Котизација:
- до 28.02.2017 / 150 денари
- до 06.04.2017 / 200 денари

За пријави до 17 март, вашето име ќе биде испишано на стартниот број. На денот на трката не е можно пријавување.
Подигнување на стартните броеви ќе биде во продавницата на Скечерс во Сити Мол на 7 април (петок, од 12 до 22 часот) и 8 април (сабота, од 10 до 19 часот).

Стартен пакет:

- стартен број со чип
- онлајн диплома во ПДФ формат
- вода
- учество во лотарија
- подароци од спонзорите

Настанот е предвиден да се одржи по следниот редослед:
10.00 - Аеробик вежби за загревање
10.30 - Старт на трка на 2км
11.00 - Вежби за истегнување и релаксација.
По завршувањето на трката, на платото кај Школката ќе има лотарија и прогласување на најдобрите на 2км.

Секоја учесничка ќе добие стартен број со чип за електронско мерење на време. Трката има натпреварувачки карактер и трите најдобро пласирани во генерален пласман (според Gun Time) ќе добијат награди, а ќе има награди и за најдобрите три (според Chip Time) по возрасни категории.

По прогласувањето на најдобрите, следува лотарија со извлекување на среќни стартни броеви од сите учеснички. Подароците ќе бидат обезбедени од нашите партнери.

Патека на трката

Стартот и целта ќе бидат пред Школка и ќе се трча еден круг од 2 км во Градскиот парк.
Патеката ќе биде обележена со ленти и конуси и ќе има поставено волонтери, а на 1 км ќе има и контролна точка за чиповите.

mapa2017new1