Zenska-trka-logo

Резултати од Женската трка одржана на 10 април 2016:
- победници по возрасни категории (според времето на чип)

- пласман по возрасни категории (според времето на чип)
- генерален пласман

 

lenta-sponzori-2016-1100-1

Скопје, 10 април 2016, 10.00 часот

Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје како дел од промотивните трки на Виз Eр Скопски Маратон 2016, на 10 април ќе се одржи Четвртата по ред ЖЕНСКА ТРКА.

Податокот дека жените имаат многу повеќе обврски а се помалку време за себе, време за вежбање, го зголемува ризикот од разни заболувања. Превенцијата од заболувањата ќе ја започнеме заедно со вежбање.  Низ годиниве, успеавме  бројот на жени да го зголемуваме и оваа година очекуваме околу 800-1.000  жени да  учествуваат во најпозитивната трка во Скопје. Од 2016 година, Женската трка е влезена во календарот на Европската Атлетска Асоцијација.

Пропозиции за Женска трка:
Дата на одржување: 10.04.2016 – недела
Место: – Градски парк – кај Школка
Почеток: 10.00- Аеробик
Старт: 10.30 – Трчање на 2.000 метри (1 круг во парк)
Линк за пријавување: www.smartrace.club
Право на учество: Припаднички на женскиот пол без ограничување
Рок за пријавување: најдоцна до 7 април
Награди: за првите 3 во неколку старосни категории ќе бидат доделени медали и дипломи за 1,2 и 3 место. Награди ќе се делат по следниве категории:
- до 12 години
- до 14 години
- до 18 години
- до 30 години
- до 40 години
- до 50 години
- 50+ години
Котизација:
- до 21.03.2016 / 100 денари
- до 07.04.2016 / 150 денари
За пријави до 29 март, вашето име ќе биде испишано на стартниот број.
Подигнување на стартни броеви: 08.04. (петок) од 12-21 часот и 09.04 (сабота) од 10-21 часот во продавницата на Sport Vision во Скопје Сити Мол.

Настанот е предвиден да се одржи по следниот редослед:
10.00 – Аеробик вежби за загревање 
10.30 – Старт на трка на 2км
11.00 – Вежби за истегнување и релаксација.
По завршувањето на трката, на платото кај Школката ќе има  лотарија и прогласување на најдобрите на 2км.

Секоја учесничка ќе добие стартен број со чип за електронско мерење на време. Трката има натпреварувачки карактер и трите  најдобро пласирани во генерален пласман ќе добијат награди, а ќе има награди и за најдобрите три по возрасни категории.

По прогласувањето на најдобрите, следува лотарија со извлекување на среќни стартни броеви од сите учеснички. Подароците ќе бидат обезбедени од нашите партнери.

Патека на трката

Стартот и целта ќе бидат пред Школка и ќе се трча еден круг од 2 км во Градскиот парк.
Патеката ќе биде обележена со ленти и конуси и ќе има поставено волонтери, а на 1 км ќе има и контролна точка за чиповите.

mapa2016