Трчај ја твојата виртуелна трка!

Што представува виртуелна трка на Виз Ер Скопски маратон 2021?

За сите оние што се спречени да ја истрчаат трката на 3 октомври од разни причини овозможивме пријавата да можат да ја префрлат во виртуелна трка и да ја истрчаат својата трка кога сакаат и каде сакаат. Секој што ќе ја заврши виртуелната трка го добива истиот стартен пакет како да учествувал и на трката на 3 октомври.
Содржина на стартен пакет:
- стартен број (го добивате како сувенир по завршување на трката)
- маица со логото на трката
- медал (само за учесниците во виртуелната трка на 21 км и 42км, учесниците на 5км не добиваат медал)
- 20 ЕУР вредносен ваучер од Виз Ер
- дигитален стартен пакет
- оналјн диплома

Виртуелната трка се однесува за маратон, полумаратон и трката на 5км.
Временскиот термин кога треба да се истрча виртуелната трка е од 2 октомври до 30 ноември 2021 година.

Како функционира виртуелната трка?
Сите пријавени учесници за виртуелната трка ќе добијат посебен емаил во кој детално ќе биде објаснет целиот процес и во кој ќе има линк на кој што ќе треба да го внесете вашиот резултат. Во периодот од 2 октомври па до 30 ноември ќе треба да ја истрчате вашата виртуелна трка на било која локација и со било кого, дури може да искористите и друг маратон или полумаратон. Како доказ за истрчаната должина ќе треба да испратите запис или линк од вашиот ГПС часовник или мобилна апликација за трчање. Сите пристигнати резултати од виртуелната трка ќе бидат објавени во посебен дел во листата за резултати, но овие резултати нема да влезат во официјалните резултати од Виз Ер Скопскиот маратон 2021.

Доколку имате прашања слободно пишете ни на info@skopskimaraton.com.mk