Тркач на неделата – Стефан Филиповски

Categories: Тркач на неделата

#ТркачНаНеделата

stefan-text

1 Што сте по професија и дали некогаш во животот сте се занимавале со спорт?

Мојата Професионална определба е музиката, јас сум еден член од дуото или бендот Некст Тајм. Со спорт се занимавам од мали нозе тоа значи дека како дете ги поминав сите школи на градење како фудбалер, но за жал се откажав од фудбалот на моја 18та година, и остана една нереализирана желба во мојот живот.

2 Кога и како ви дојде идејата да трчате на Виз Ер Скопски маратон? Ве инспирираше некој, која е вашата приказна?

Идејата да се пријавам на Виз Ер Скопски маратон беше покрената од мојот најдобар пријател кој е македонски национален шампион во оваа дисциплина заедно со неговата сестра која е исто така во женска конкуренција, Александар и Весна Кираџиеви. Да бидам искрен, не сум го сакал многу трчањето без топка, но едноставно тие успеаја да го сменат моето мислење и да се пријавам на овој настан.

3 Кое беше вашето прво учество на Виз Ер Скопски маратон, на која трка и колку време се подготвувавте?

Моето прво учество беше во 2014 година. Се подготвував околу 3 до 4 месеци но не форсирав. Мојот спортски ген дозволени со толку малку време да обезбедам добар личен резултат.

4 Бевте ли задоволна од вашиот резултат, и дали потоа продолживте да трчате?

Како што кажав имав одличен резултат, бев околу 90то место од илјада натпреварувачи и од тоа бев презадоволен. Продолжив да трчам и спортувам и истото го правам и ме исполнува и ден денес.

5 Како се подготвувате за предстојниот Виз Ер Скопски маратон и на која трка ќе учествувате?

Да бидам искрен најмногу одржувам кондиција преку играњето фудбал, но знам и да истрчам на кеј некои рутински 10 км. Би сакал оваа година да трчам на 21км, останува уште да се пријавам.

6 Кои се вашите планови во иднина во врска со трчањето?

Немам некои поголеми планови, едноставно трчањето го разбирам како убаво хоби и со тоа одржувам здрав дух и здраво тело.

7 Што би им порачале на оние кои никогаш не трчале или се двоумат дали да почнат да трчаат и да учествуваат на Виз Ер Скопски маратон?

Би сакал да се пријават да искусат нешто за кое што веројатно сметаат дека не е лесно да се постигне и да сфатат дека со желба мотивација и вежбање се постигнува се. Не се плашете! Кога можев јас, можете и вие.

to Top