Тркач на неделата – Петар Георгиевски – Камиказа

Categories: Тркач на неделата

#ТркачНаНеделата


Pero-text

1 Што сте по професија и дали некогаш во животот сте се занимавале со спорт?

По професија сум се и сешто, зависно од периодот во животот за кој зборуваме. Завршив Факултет за драмски уметности, отсек глума, свирев и сега повторно свирам во Меморија, а што се однесува до спортувањето, сум бил гимнастичар, борач, џудиста, кајакар, атлетичар на кратки патеки, итн, итн… Сепак, никогаш не сум сонувал дека ќе трчам маратони. Затоа, никогаш не вели никогаш! Еве, јас сум жив пример, во зрели години почнав да го практикувам долгото трчање и ми стана неизоставен дел од животот.

2 Кога и како ви дојде идејата да трчате на Виз Ер Скопски маратон? Ве инспирираше некој, која е вашата приказна?

Едно утро кога наполнив 50 години, дома им соопштив дека ќе трчам полу-маратон на Скопски, таа година… Ме изнагледаа со чудење, но знаејќи каква животна историја имам ми рекоа, „Ајде, и ова нека ти помине“, ама никако да ми помине, еве шеста година, а мислам дека ќе биде и до крајот на моето постоење.

pero-featured

3 Кое беше вашето прво учество на Виз Ер Скопски маратон, на која трка и колку време се подготвувавте?

Првпат се пријавив во 2012 година и моето време за полу-маратон беше 2:08:41. Имав 94 кг и со претходни тренинзи за боречки вештини и теретана беше малку тешко, но пуста желба и љубов сè прават.

4 Бевте ли задоволна од вашиот резултат, и дали потоа продолживте да трчате?

Наредната 2013 година, високо на агендата влезе Скопскиот маратон. Целта ми беше да го истрчам полу-маратонот под 2 часа. На почетокот звучеше како невозможна мисија, но Скопски падна! Времето ми беше 1:57:25. Потоа се редеа еден куп други полу-маратони по Европа каде постигнував и подобри времиња, но сега да се задржиме на Скопскиот, 2014 година, 1:55:29. Во 2015 за жал не се одржа Скопски, но затоа во 2016 повторно остварив нов личен рекорд, 1:47:50. Оваа година, ако биде се како што треба ќе ја поместам и оваа временска граница. Сакам да ви кажам – кога се сака сè се може.

5 Како се подготвувате за предстојниот Виз Ер Скопски маратон и на која трка ќе учествувате?

Трчам на кејот на Вардар четири пати неделно, еднаш неделно практикувам планинско трчање на Водно, а останатите 2 дена ги поминувам во теретана.

6 Кои се вашите планови во иднина во врска со трчањето?

На 8ми април ќе учествувам во трката „Трчаме кон целта“ на полу-маратон, потоа Скопски, па планинската трка „Прв до врв“, традиционално на „Полноќниот Новосадски маратон“ и како шлаг на тортата, во септември Берлински маратон на 42 км. Ќе има и уште неколку други трки во меѓувреме, како на пример Букурешт и Будимпешта, но за тоа – потоа.

7 Што би им порачале на оние кои никогаш не трчале или се двоумат дали да почнат да трчаат и да учествуваат на Виз Ер Скопски маратон?

Да ги стават патиките на нозе, да го искористат ова прекрасно време и да се спремат, ако ништо друго барем за трката на 5 км. А откако ќе ја почувствуваат енергијата и магијата на трчањето ќе биде „Скопски и сè е можно!“. Наредната година не им гине полу-маратон. Сигурно! 

2012-pero

Скопски Маратон 2012

Diploma2012

Pero-2013
Скопски Маратон 2013

Diploma-2013

Diploma-2014

Pero2015

Виз Ер Скопски маратон 2016

Diploma2016

Pero-NewYork

Њујорк Маратон 2016

to Top

[raw]