СКМ ВИРТУЕЛНА ТРКА – Трка за забава

SKM VIRTUAL RUN – Run for fun

Доколку настаните се одвиваа по првично одредениот тек, овој викенд, на 10 мај ќе се одржеше нашиот Виз Ер Скопски Маратон кој моравме да го одложиме за подоцна оваа година, 4 октомври. Но тоа не е причина да престанеме да трчаме, сѐ додека тоа е во рамките на препораките од надлежните. За да ви го направиме овој период барем приближно интересен и возбудлив како што тоа вообичаено е случај кога се одржува маратонот, решивме за вас, бесплатно да ја организираме оваа виртуелна трка, на која секој и од секој дел на планетата може да учествува и да се пријави.

Напомена: важно e кога трчате надвор да ги следите препораките од надлежните, да трчате сами, да држите растојание од 2-3 метри и да избегнувате групирање и локации каде има голема фрекфенција на движење.

Како да бидам дел од СКМ Виртуелна трка – Трка за забава? Како функционира?

Регистрација за учество:
Учеството во трката е бесплатно! Има два начина како да се регистрирате. Ако трчате со мобилната апликација Racemap на која е креирана нашата СКМ Виртуелна трка, мора да се регистрирате пред да трчате на самата апликација, или ако трчате со вашиот GPS часовник / уред, треба регистрацијата да ја направите после трчањето на овој линк http://skopskimaraton.com.mk/skmvirtuelrun_GPXupload

Датум на одржување:
Периодот во кој може да ја истрчате СКМ Виртуелна трка - Трка за забава е од 05 мај 2020 (00:00) до 15 мај 2020 (23:59)

Каде:
Може да трчате на било која локација во светот, одберете онаму каде што вам најмногу ви одговара, во парк, на кеј, на планина, било каде.

Должина:
5 км (може да трчате дури и повеќе од тоа, 10км, 21 км или дури и 42 км, колку сакате, но само вашето најбрзо време од сегментот од 5 км ќе биде регистрирано)

Важни правила:
Зачувајте ја социјалната оддалеченост од 2-3 метри, трчајте сами никако во група. Почитувајте ги препораките од надлежните институции, во врска со пандемијата COVID 19. Избегнувајте гужви, групирање и локации каде има голема фрекфенција на движење.

Како функционира ако трчате со вашиот мобилен телефон:

  1.  За да трчате со вашиот мобилен телефон и да бидете дел од оваа Виртуелна трка, треба да ја превземете апликацијата “Racemap“ од овие линкови:
    - Play Store https://play.google.com/store/apps/details?id=racemap.de
    - App Store https://apps.apple.com/us/app/racemap/id640797527?amp%3Bls=1&amp%3Bmt=8&l=
  2.  Откако ќе ја инсталирате апликацијата на вашиот телефон, побарајте ја SKM VIRTUAL RUN и кликнете на истата
  3. За да се регистрирате кликнете на “SIGN UP FOR LIVE TRACKING” и во полето “NAME” внесете го вашето име и презиме, а во полето “RACE NUMBER” внесете го вашиот омилен стартен  број и потоа кликнете на зеленото копче “SIGN UP”. Со ова сте регистрирани за виртуелната трка.
  4. Пред да започнете со трчањето (било кога во периодот од 5 до 15 мај), наполнете ја батеријата на телефонот. Потребно е на вашиот телефон да бидат вклучени ГПС / LOCATION и MOBILE DATA за да се регистрира вашето трчање. Притиснете на зеленото копче START LIVE TRACKING и со тоа започнува снимањето на вашето трчање. Постои можност вашето трчање да го споделите на социјалните мрежи, и вашите пријатеи во живо да ја следат на мапа вашата тркачка активност.
  5. Кога ќе ја истрчате должината на виртуелната трка, вашето време ќе биде автоматски регистрирано. Можете да истрчате и повеќе километри од предвидените 5 км, на пр. 10, 20 или дури и маратон (42км), а сегментот од најбрзите 5км ќе ви биде регистрирано во резултатите, но сите истрчани километри ќе бидат регистрирани и ќе стојат запишани покрај вашето име. На пример, ако истрчате 10 км и вашето најдобро време на сегмент од 5 км е од 3 до 8 км тоа време ќе биде прикажано. Ако не можете да ги истрчате сите 5 км во едно трчање тогаш тоа може да го сторите во неколку дена, имено апликацијата го памети вашето истрчано растојание и време од претходниот ден, ја стопирате апликацијата и ја активирате следниот пат. Пример, истрчајте 2км во вторник и 3км во четврток.
  6. Вашата тркачка активност може да се следи во живо (или да се повтори) и да се спореди трчањето и локациите со другите учесници на мапата на овој линк https://racemap.com/player/tag-timing-virtual-run_2020-04-27
  7. Виртуелната трката SKM VIRTUAL RUN ќе биде отворена во неколку дена, односно нема да мора да истрчате во еден одреден ден и време, ниту на една одредена локација. Може да трчате и да ја активирате апликацијата било каде и да се наоѓате во земјава или странство. Периодот во кој може да учествувате е од 05 мај 2020 (00:00) до 15 мај 2020 (23:59), во кој период може да ја истрчате посакуваната километража од 5 или повеќе километри и вашето време и должина ќе бидат регистрирани во листата на резултати на овој линк http://tagtiming.mk/skmvirtualrun/
Кликни тука за да го превземеш упатството за инсталација и користење на апликацијата

 

Како функционира ако трчате со вашиот ГПС часовник:

Доколку не сакате да трчате со вашиот телефон, тогаш можете да трчате и со вашиот ГПС часовник (Garmin, Polar, Suunto, или Strava апликација) и да ја уплоадирате вашата мапа на трчање во некој од следните формати GPX, KML или TCX. Еве што треба да направите:

  1. Трчајте со вашиот ГПС часовник, најмалку 5км (можете и повеќе од 5км, на пр. 10, 20 или дури и маратон од 42км),  а сегментот од најбрзите 5км ќе ви биде регистрирано во резултатите. Трчањето треба да биде реализирано во периодот од 5 до 15 мај.
  2. Откога ќе го завршите трчањето со вашиот ГПС часовник, префрлате ја вашата активност на вашата апликација од вашиот ГПС часовник или на апликацијата Strava, и експортирајте ја на вашиот комјутер во некој од форматите GPX, KML или TCX.
  3. Одете на овој линк http://skopskimaraton.com.mk/skmvirtuelrun_GPXupload , пополнете ги полињата за вашиот стартен број (напишете го вашиот омилен), вашето име и презиме и уплоадирајте ја вашата мапа на трчање во некој од форматите GPX, KML или TCX, и кликате на копчето UPLOAD. Со овој процес вашето време и трчање е регистрирано во листата на резултати на овој линк http://tagtiming.mk/skmvirtualrun/

Резултатите се од информативен карактер, оваа трка нема натпреварувачки карактер и важна е забавата со трчањето, исто како и во маратонот, сите сме победници!

Споделувајте слики од вашето трчање на социјалните мрежи или од вашите резултати на крајот со хаштаг #SKMVirtualRun #СКМВиртуелнаТрка #RunningWillChangeYou #ТрчањетоЌеТеПромени


Партнери на СКМ Виртуелна трка - Трка за забава