Трчајте на Прага полумаратон / 2 април 2016

Туристичката агенција Намико во соработка со Виз Ер Скопски маратон ви нуди организирано учество на Прага полумаратон, 2 април 2016.

Praga-hm15

Бидете дел од настанот кој е дел од серијата на трки на IAАF Road Race Gold Label и воедно е петтиот најбрз полумаратон во историјата. Трчајте низ еден од најубавите градови на Европа со богато културно наследство кое ги вклучува познатиот Карлов Мост, Прашкиот замок, Концертната хала “Рудолфинум”, Националниот театар и многу повеќе. Прага ви го нуди и најголемиот тркачки настан во Централна Европа со преку 11 000 учесници.

Тргнувањето од Скопје е предвидено на 31 март 2016, а враќањето од Прага на 3 април 2016. Цената на аранжманот со вклучена котизација изнесува 16.600 денари, а без вклучена котизација 12.300 денари.

Кликнете тука за да ја погледнете целата програма за Прага.

Доколку сакате да се пријавите ве молиме пополнете ја апликацијата (кликни тука за да ја преземете) и испратете ја на емаил marathon@namiko.com.mk

Последен рок за пријавување и уплата е 28.01.2016. Бројот на местата е ограничен.